Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga SPR 276 Gebrauchsanweisung Seite 402

Kettensäge für die baumpflege
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für SPR 276:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 137
оштетен филтер за да не предизвикате
непоправливи оштетувања на моторот.
Чистењето треба да се спроведува
секои 8– 10 часови работа.
За чистење на филтерот:
1. Одвртете го копчето (сл. 36.A);
2. извадете го капачето (сл. 37.B) и
елементот со филтерот (сл. 37.C).
3. Потчукнете го нежно елементот со
филтерот (сл. 37.C) за да се тргне
нечистотијата и доколку е потребно,
исчистете го со компримиран
воздух под мал притисок.
ВАЖНО елементот со филтерот (сл. 37.С)
не смее никогаш да се пере и секогаш
мора да се замени со нов ако се покаже
дека е премногу нечист или оштетен.
4. Ставете го филтерот за воздух
(сл. 37.C) и капачето (сл. 37.B).
5. Завртете го копчето (сл. 36.A).
8.2
МЕТАЛЕН РЕМЕН НА
СОПИРАЧКАТА ЗА СИНЏИРОТ
Еднаш месечно, проверувајте го интегритетот
на металниот ремен (сл. 38.A) кој што се
обвиткува околу лежиштето за фрикцијата.
Ременот треба да се замени кога
ќе се изаби или деформира.
8.3
КЛИН ЗА ПРЕНОС НА СИНЏИРОТ
Со помош на застапникот, редовно
контролирајте ја состојбата на запците
и заменете ги кога ќе бидат изабени.
Не монтирајте нов синџир
со стар забец или обратно.
8.4
КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА
До свеќичката (сл. 39.A) може да се
пристапи ако го извадите капакот за
филтерот за воздух (сл. 39.B).
Повремено, откачете ја и исчистете ја
свеќичката за да ги отстраните евентуалните
талози со метална шпатула (сл. 40.A).
Проверете ја и обновете ја точната
оддалеченост меѓу електродите (сл. 40.B).
Поставете ја свеќичката наместо
прицврстувајќи ја со приложените клучеви.
Свеќичката треба да се замени со
друга со аналогни карактеристики во
случај кога електродите се прегорени
или неправилно изолирани, или на
секои 100 часа функционирање.
8.5
ЈАЖЕ ЗА ПАЛЕЊЕ
Застапникот треба да г осмени јажето за
палење при првите знави на оштетување.
8.6
ОДРЖУВАЊЕ НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Од безбедносни причини и
поради ефикасност во работата,
многу е важно уредот со сечивото
да биде добро наострен.
Острењето на синџирот е неопходно кога:
– струготините личат на прашина,
– сечењето се одвива со многу сила,
– сечењето не е линеарно,
– вибрациите се зголемени.
– Потрошувачката на гориво е зголемена.
Ако синџирот не е доволно наострен,
постои ризик од противудар.
ВАЖНО
Препорачуваме острењето на
синџирот да се одвива во специјализиран
центар, може да се изведе со соодветни
апарати кои обезбедуваат минимално
распрскување на материи и острење
константно за сите видови сечења.
8.6.1
Острење на синџирот
Острењето на синџирот се изведува
со помош на приложените турпии со
заоблени секции чијшто дијаметар е
специфичен за сите видови синџири
(видете „Табела за одржување на
синџирот", поглавје 14) и бара одлична
стручност и искуство за да се избегне
предизвикување оштетувања на сечивата.
За острење на синџирот:
1. Застанете ја машината (пасус 6.9).
2. Извадете ја сопирачката за
синџирот (пасус 5.7).
3. Блокирајте го цврсто лостот со поставен
синџир со соодветниот блокатор (сл.
41.A), проверувајќи дали синџирот
може слободно да се движи.
4. Затегнете го синџирот дотаму тој
да остане лабав (пасус 6.1.3).
MK - 19

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Spr 276 c