Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga SPR 276 Gebrauchsanweisung Seite 392

Kettensäge für die baumpflege
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für SPR 276:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 137
Рачката со командата за забрзување може да
се активира (сл. 12.B) само со истовремено
притискање на рачката за управување
со блокадата на забрзувачот (сл. 12.C).
Правилната брзина на работа се постигнува
кога рачката со командата за забрзувачот
(сл. 12.B) е притисната докрај.
5.5
РАЧКА ЗА БЛОКИРАЊЕ
НА ЗАБРЗУВАЧОТ
Рачката за блокирање на забрзувачот
(сл. 12.C) возможува активирање на
командата за забрзување (сл. 12.B).
5.6
РАЧКА ЗА РАЧНО ПАЛЕЊЕ
Овозможува рачно палење
на моторот (сл. 13.F).
5.7
СОПИРАЧКА ЗА СИНЏИРОТ
Систем за безбедно сопирање којшто
служи за запирање на движењето на
синџирот во случај на повратен удар
(контраудар) во текот на работата.
Во случај на повратен удар за време на
работата, како резултат на ненормален
контакт на врвот на лостот и со насилно
движење нагоре на лостот што ја носи раката
да се удри во предната заштита (сл. 1.D).
Треба рачно да ја деблокирате за да ја
исклучите сопирачката за синџирот.
Исклучена сопирачка за
синџирот. Ова се постигнува
кога задната заштита за
раката (сл. 1.D) е целосно
повлечена назад предната
рачка додека не се заглави.
Активирана сопирачка за
синџирот. Ова се постигнува
кога предната заштита за
раката (сл. 1.D) е целосно
турната напред.
Не користете ја машината
ако сопирачката за синџирот не
работи правилно и контактирајте со
застапникот за неопходна проверка.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО
Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
ВАЖНО
Машината се доставува со
празен резервоар за мешавина и без
масло за подмачкување на синџирот.
6.1.1
Полнење гориво
Пред да ја користите машината, наполнете
гориво. За начините за подготвување на
мешавината и за безбедните начини за
дополнување entна гориво видете пасус. 7.3.
6.1.2
Дополнување масло и
подмачкување на синџирот
Пред да ја користите машината,
дополнете масло за подмачкување на
синџирот. За начинот и постапката при
дополнувањеent масло, видете пасус 7.4.
6.1.3
Контрола на затегнатоста
на синџирот
Спроведете ги сите
операции со изгасен мотор.
Носете секогаш заштитни
ракавици за работа.
Проверете ја затегнатоста на синџирот.
Затегнатоста е правилна кога, држејќи го
синџирот на средината на лостот, носачите на
преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 11).
За регулација на затегнатоста на синџирот:
1. отшрафете ја навртката на картерот
со помош на приложениот клуч,
2. или вртете го шрафот за задршка на
синџирот (сл. 9.A) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот
MK - 9

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Spr 276 c