Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga SPR 276 Gebrauchsanweisung Seite 401

Kettensäge für die baumpflege
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für SPR 276:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 137
4. Отворете го внимателно капачето на
резервоарот за мешавина за да се
испушти притисокот постепено.
5. Наполнете со инка и не ставајте од
мешавината до грлото на резервоарот.
7.4
ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
СО МАСЛО ЗА СИНЏИРОТ
ЗАБЕЛЕШКА
Во близина на капачето
за резервоарот со маслото за синџирот
(сл. 32.В) го има следниот симбол:
Резервоар за масло
за синџирот
ВАЖНО
Користете исклучиво масло
наменето за моторни пили или масло со
адитиви за моторни пили. Не користете
масло што содржи нечистотии за да не
го запушите филтерот во резервоарот и
трајно да ја оштетите пумпата за масло.
Користење масло од врвен квалитет е
важен предуслов за одржување ефикасна
подмачканост на сите делови за сечење;
користење масло со лош квалитет го
спречува подмачкувањето и го намалува
времетраењето на синџирот и на лостот.
– Дополнете го докрај резервоарот
за масло (со инка) секојпат кога
дополнувате гориво: имајте предвид дека
капацитетот на резервоарот за масло се
пресметува согласно потрошувачката на
горивото. Така се избегнува ризикот да ја
вклучувате машината без подмачкување.
7.5
ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
На крајот на секоја работа,
исчистете ја машината детално од
прав и остатоци при работа.
• За да го намалите ризикот од пожар:
– одржувајте ја машината, а особено
моторот и зоната на придушувачот
без остатоци од сечењето, гранки,
листови и прекумерно масло,
– често чистете ги крилцата на
цилиндарот со компримиран воздух.
• За да избегнете прегревање
и дефект на моторот:
– решетката за вшмукување воздух
за ладење (сл. 33) треба да биде
секогаш чиста и без остатоци
од сечењето или ѓубре.
• Одржувајте го одделот кај фрикцијата
без остатоци од сечењето или ѓубре (сл.
34), вадете го картерот на фрикцијата
(пасус 4.3) и поставете го одново
правилно кога ќе завршите со работа.
Секои 30 часа, треба да го подмачкате
внатрешното перниче кај застапникот.
7.6
ЧИСТЕЊЕ НА СИНЏИРОТ
По секоја употреба, отстранете
ги од синџирот сите траги од
сечењето или талози од масло.
Во случај на големи нечистотии или
замастеност, извадете го синџирот и
оставете го да постои во сад со одреден
детергент неколку часови. Потоа,
исперете го во чиста вода и испрскајте
го со соодветен спреј против корозија
пред да го поставите на машината.
7.7
КЛИН ЗА ЗАПИРАЊЕ НА СИНЏИРОТ
Проверете го клинот за запирање на
синџирот пред секоја употреба (сл. 1.H) и
проверете ја работата ако има оштетување.
7.8
ОТВОРИ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА МАШИНАТА И НА ЛОСТОТ
Пред секојдневната работа, извадете го
картерот од фрикцијата (пасус 4.3), извадете
го лостот и проверете дали отворите за
подмачкување на машината (сл. 35.A) и на
лостот за наведување (сл. 35.B) се блокирани.
7.9
НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Пред секоја употреба, проверете го
затегнувањето на сите шрафови и
навртки за да се уверите дека машината
е во состојба за безбедна работа.
• Пред секоја употреба, проверувајте
дали рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
ЗА ВОЗДУХ
ВАЖНО Чистењето на филтерот за воздух
е битно за добра работа и векот на самата
машина. Не работете без филтер или со
MK - 18

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Spr 276 c