Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Македонски
Вовед: Прочитајте ги информациите содржани во оваа брошура.
Со разбирање на информациите ќе можете правилно да го
користите одржувачот на топлина на шише MEDRAD
Важна безбедносна напомена: Одржувачот на топлина на шише
MEDRAD Avanta е наменет да го користат стручни медицински
лица со соодветна обука и искуство во примена на ангиографски
постапки и техники.
Намена: Одржувачот на топлина на шише MEDRAD Avanta е
наменет да ја одржува топлината на контрастот во шишето со
контраст при дијагностички и интервентни ангиографски постапки
во кардиологијата, радиологијата и васкуларната хирургија, за кои
е потребно операторот да го загрее контрастот.
Контраиндикации: Не е наменет да се користи со која било друга
опрема, освен со системот за инјектирање за управување со
течности MEDRAD Avanta.
Ограничена продажба: Само со рецепт.
Информации за усогласеност со Reach можат да се најдат на
www.REACH.bayer.com.
Предупредувања
Опасност од изгореници: Операторот може да се
повреди ако дојде во контакт со грејачот. Бидете
претпазливи при ракување со деловите на одржувачот
на топлина.
Може да дојде до повреда на пациентот или операторот
ако пакувањето е отворено или оштетено или ако
користите оштетени компоненти. Визуелно проверете ги
содржината и пакувањето пред секоја употреба.
Мерки на претпазливост
Ако не ја употребите правилната порта за поврзување
може да го оштетите конекторот на одржувачот на
топлина. Пронајдете ја правилната порта на системот
пред да го поврзете.
Одржувач на топлина на шише MEDRAD Avanta
Одржувачот на топлина на шише MEDRAD Avanta треба да се
користи по желба на операторот и не е неопходен за правилно
функционирање на системот за инјектирање за управување со
течности MEDRAD Avanta.
Одржувачот на топлина на шише MEDRAD Avanta е достапен во
две големини, голем што е наменет за шишиња со контраст од
500 ml и среден за шишиња со контраст од 150 ml до 250 ml. Овие
одржувачи на топлина не одговараат на сите шишиња со контраст
и конфигурации. Пред употреба проверете дали може безбедно
да се прицврстат на шишето со контраст.
Забелешка: Растегнувањето на средниот одржувач на топлина
на шише за да го прикачите на шише од 500 ml ќе доведе до
несоодветно загревање.
Чистење
Одржувачот на топлина на шише MEDRAD Avanta треба да се
чисти со навлажнета крпа со сапун и вода. Секогаш исклучувајте
го напојувањето пред чистење.
Индикатор за грешки
Ако се вклучи црвено, светло тоа покажува дека одржувачот на
®
Avanta.
топлина на шише MEDRAD Avanta е неисправен. Исклучете го
одржувачот на топлина од системот, почекајте најмалку 30
секунди и повторно поврзете го. Ако и понатаму свети црвеното
светло, исклучете го одржувачот на топлина на шише MEDRAD
Avanta и тргнете го од употреба. Контактирајте со службата за
сервисирање на Bayer HealthCare.
Инсталирање на одржувач на топлина на шише MEDRAD Avanta:
AVA 500 BTLH-L
Површина
за држење
500 ml
1. Инсталирајте го одржувачот на топлина на шише MEDRAD
Avanta така што ќе го излизгате нагоре до шишето со контраст.
Забелешка: Погрижете се да го
прикачите одржувачот на топлина на
шише MEDRAD Avanta на шишето со
контраст во правилна насока како што
е прикажано на симболот со стрелки.
Во спротивно, нема да може соодветно
да се одржи топлината на контрастот.
2. Приклучете го одржувачот на топлина на шише MEDRAD
Avanta во портата за одржувачот на топлина на шише
MEDRAD Avanta што се наоѓа на задниот дел на модулот за
контрола на течност MEDRAD Avanta.
AVA 500 BTLH-M
3. Проверете ја топлината на одржувачот на топлина на шише
150-250 ml
20
Забелешка: Не користете прекумерна сила за да го вметнете
конекторот.
Порта за поврзување на MEDRAD Avanta одржувач
на топлина на шише
MEDRAD Avanta веднаш откако ќе го поврзете со модулот за
контрола на течност MEDRAD Avanta.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Medrad avanta avav 500 btlh-m

Inhaltsverzeichnis