Herunterladen Diese Seite drucken

Bayer MEDRAD VFlow Bedienungsanleitung Seite 39

Disposable hand controller

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
Македонски
Вовед: Прочитајте ги информациите содржани во оваа брошура.
Со разбирање на информациите ќе можете правилно да го
користите Стерилниот рачен управувач MEDRAD VFlow.
Важна безбедносна напомена: Стерилниот рачен управувач
MEDRAD VFlow е наменет за употреба од страна на медицински
лица со соодветна обука и искуство во ракување со Системот за
®
инјектирање MEDRAD
Mark 7 Arterion и ангиографски процедури
и техники.
Упатство за употреба: Стерилниот рачен управувач MEDRAD VFlow
е наменет да се кориски исклучиво со Системот за инјектирање
MEDRAD Arterion за ангиографски испитувања.
Контраиндикации: Не се познати.
Ограничена продажба: Само со рецепт.
Пријавете сериозни несакани настани во врска со овој уред кај Баер
(radiology.bayer.com/contact) или надлежното локално европско тело
(или, доколку е применливо, соодветниот регулаторен орган во земјата
каде што се појавил проблемот).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од контаминација на животната средина - може
да дојде до сериозна повреда или смрт на пациентот или
работникот.
Немојте да користите ако стерилното пакување е отворено
или оштетено. Може да дојде до повреда на пациентот или
операторот ако пакувањето е отворено или ако користите
оштетени компоненти. Визуелно проверете ги содржината
и пакувањата пред секоја употреба.
Опасност од вкрстена контаминација - може да дојде до
сериозна повреда или смрт на пациентот и/или работникот.
За уреди со ознака за еднократна употреба имајте предвид:
Овој производ е наменет само за еднократна употреба.
Немојте да стерилизирате, повторно да обработувате или
повторна да употребувате. Потрошните уреди се неменети и
одобрени само за еднократна употреба. Повторната употреба
на потрошните уреди за еднократна употреба претставува
ризик за неисправност на уредите и ризик за пациентот.
Потенцијалната неисправност на уредот вклучува значително
расипување на компонентите поради продолжената употреба,
дефект на компонентите и неисправност на системот.
Потенцијалните ризици за пациентот вклучуваат повреда
поради неисправност на уредот или инфекција, бидејќи уредот
не е одобрен за чистење или повторно стерилизирање.
ВНИМАНИЕ
Опасност од загадување на животната средина - Може да
дојде до мала или умерена повреда на пациентот и/или
работникот.
По употребата, сите потрошни материјали треба исправно
да се отстранат, според процедурите за отстранување на
опасен медицински отпад. Потрошните материјали не треба
повторно да се користат.
НАПОМЕНА
Електромеханичка опасност - Може да дојде до оштетување
на опремата.
Немојте да користите алатки за прекумерно да ги затегнувате
спојките или за да го отстраните потрошниот материјал.
ЗАБЕЛЕШКА: Комплетни упатства, предупредувања и мерки на
претпазливост ќе најдете во упатството за употреба на инјекторот
MEDRAD Mark 7 Arterion.
Рачниот управувач MEDRAD VFlow е стерилен уред наменет да
се користи само за еден пациент. Рачниот управувач има опции
за инјектирање со фиксна брзина на проток и со променлива
брзина на проток. При инјектирање со променлива брзина на
проток, протокот постепено се зголемува кога клипот на Рачниот
управувач (А) е притиснат, a се намалува кога клипот на Рачниот
управувач се ослободува. При инјектирање со фиксна брзина на
проток, Рачниот управувач има улога на прекинувач за стартување,
а кога ќе се ослободи уредот, се прекнува инјектирањето.
Копчето на Рачниот управувач (Б) не е функционално и кога ќе
се притисне, почнува да се емитува звучен сигнал од главата на
Инјекторот и од Контролната единица co дисплеј.
A
Б
Рачен управувач
Инсталирање на Рачниот управувач
1. Проверете дали инјекторот е во неактивирана состојба.
2. Отворете го пакетчето со Рачниот управувач користејќи стерилна
техника.
3. Користејќи стерилна техника, извадете го Рачниот управувач
од пакетчето.
4. Приклучете го рачниот управувач на долната страна на главата
на инјекторот (видете го цртежот подолу). Ако е исправно
прицврстен, ќе слушнете „клик".
39
ЗАБЕЛЕШКА: Ако Рачниот управувач е оштетен или не работи
исправно, немојте да го користите и фрлете го.

Werbung

loading