Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Употреба Со Медиуми Опасни По Здравјето; Транспорт; Монтажа/Демонтажа - Wilo Padus PRO Einbau- Und Betriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Padus PRO:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
2.5
Употреба со медиуми опасни по
здравјето
2.6
Транспорт
2.7
Монтажа/демонтажа
440
Безбедност
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на заштитната склопка на вод,
се одредува според номиналната струја на поврзаниот производ. Внимавајте на
локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен прекинувач на моторот!
Според локалните прописи, минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за температурата,
диференцијален активатор и блокада од повторно вклучување. Во случаи на
чувствителна електрична мрежа, предвидено е корисникот да обезбеди
дополнителна заштитна опрема (на пр. реле за наднапон, поднапон или
откажување на фаза итн.).
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
Придржувајте се до прописите на локалната служба за електродистрибуција!
Употребата на заштитен прекинувач за резидуална струја е препорачано.
Треба да се приклучи заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD) во случаи
кога е можно лицата да дојдат во контакт со производот и со протокот на
течности.
Кога производот се употребува со медиуми опасни по здравјето, постои опасност
од бактериска инфекција! По демонтажа, производот треба да се исчисти и
дезинфицира пред повторно да се употребува. Раководителот мора да го осигури
следното:
▪ Следната заштитна опрема се носи при чистење на производот:
– Затворени заштитни очила
– Маска за дишење
– Заштитни ракавици
▪ Сите лица се информирани за медиумот, опасностите што произлегуваат од него
и како да ракуваат со него правилно!
▪ Носете ја следната заштитна опрема:
– Заштитни чевли
– Заштитен шлем (при примена на средства за дигање)
▪ Секогаш фаќајте за рачката кога го транспортирате производот. Никогаш не
влечете за кабелот за поврзување!
▪ Користете само законски пропишани и дозволени средства за прикачување
товар.
▪ Средствата за прикачување товар се избираат на основа на постоечките услови
(временските услови, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Средствата за прикачување товар секогаш се прицврстуваат за точките на
подигнување (рачка или прстенести држалки).
▪ Мора да се загарантира стабилноста на средствата за подигнување за време на
нивната примена.
▪ Кога мора да се примени опрема за подигнување, потребно е да се назначи второ
лице коешто ќе ги координира работите кога е тоа потребно (пр. во случај на
блокиран поглед).
▪ Не е дозволено задржување на луѓето под висечки товар. Не пренесувајте го
товарот преку работното место каде што се задржуваат луѓе.
▪ Носете ја следната заштитна опрема:
– Заштитни чевли
– Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
– Шлем (кога се подига материјалот)
▪ Придржувајте се до важечките закони и прописи за работна безбедност и за
спречување несреќи.
▪ Исклучете го производот од струја и осигурете го од повторно вклучување.
▪ Сите движечки делови треба да се во мирување.
▪ Погрижете се да има доволно проветрување во затворени простории.
▪ За поголема сигурност, треба да биде присутно второ лице кога се работи во
шахти или во затворени простории.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
▪ Темелно исчистете го производот. Дезинфицирајте го производот ако бил
употребен со медиуми опасни по здравјето!
WILO SE 2019-10

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis