Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSN 100-34 DK Professional Originalbetriebsanleitung Seite 120

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-1037-005.book Page 120 Monday, November 10, 2014 12:55 PM
120 | Македонски
Доколку пневматскиот алат се употреби при ладни
амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат
побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли
пневматскиот алат за време на работата, повторно се
враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
иззабување на втиснувачот.
При подолги работни паузи или на крајот на работата
исклучете го пневматскиот алат од доводот на воздух и
доколку е возможно испразнете го магацинот.
Празнење на магацинот
– Повлечете го наназад лизгачот на магацинот 7 сè
додека не се вклопи на задната страна.
– Извадете ги лентите со шајки 14.
Не користете ленти со шајки, коишто содржат
помалку од 5 шајки.
– Повлечете го лизгачот на магацинот 7 уште еднаш
сосема наназад, за да ја ослободите блокадата.
– Водете го лизгачот на магацинот внимателно
нанапред додека не дојде во контакт со почетокот на
магацинот.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
Подесување на граничникот за длабочина
(види слика E)
Длабочината на забивање може да се подеси со
тркалцето за подесување 3.
– Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот", страна 120)
– Шајките се испукани предлабоко:
За да ја намалите длабочината на забивање, свртете
го тркалцето за подесување 3 во правец на стрелките
на часовникот.
или
Шајките не се испукани доволно длабоко:
За да ја зголемите длабочината на забивање, свртете
го тркалцето за подесување 3 во правец спротивен
на стрелките на часовникот.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 119)
– Тестирајте ја новата длабочина на забивање на
пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен
персонал. Само на тој начин ќе бидете сигурни во
безбедноста на пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
План за одржување
Излезот за воздух 4, осигурувачот за активирање 2 и
чкрапалото 10 треба да бидат постојано чисти и на нив
да нема туѓи тела (прав, струготини, песок итн.).
Мерка
Празнете го филтерот за издувен воздух на дневна
основа.
Садот за средство за подмачкување треба
постојано да биде полн.
Исчистете го магацинот 8 и лизгачот на магацинот 7. Спречува заглавување на шајките.
1 609 92A 10Z | (10.11.14)
Вадење на заглавената муниција
(види слики F1–F3)
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за
пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја
овластената сервисна служба на Bosch.
– Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот", страна 120)
– Отворете го затворачот за магацинот 15.
– Повлечете го магацинот 8 нанадвор од куќиштето
додека не склизне од чивијата за затворање 16.
На тој начин се ослободуваат заглавените шајки во
каналот за пукање.
– Отстранете ги заглавените шајки. По потреба
употребете клешти.
– Доколку излегол втиснувачот 17, притиснете го со
подмачкан одвртувач или друг соодветен подмачкан
предмет назад во клипот.
– Подмачкајте го каналот за пукање со 2–3 капки
моторно масло (SAE 10 или SAE 20).
– Повторно ставете го магацинот 8:
По потреба отворете го затворачот за магацинот 15.
Ставете ја чивијата за затворање 16 во жлебот на
држачот за магацин 18. Центрирајте го магацинот во
прифатите за магацин 19 и поместете го магацинот
сосема нанапред. Заклучете го магацинот така што
ќе го отворите затворачот за магацин 15 целосно
нагоре.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 119)
Менување на шините на магацинот (види слика G)
Шините на магацинот 20 можат да се изабат по подолга
употреба на пневматскиот алат.
Заменете ги дефектните шини на магацинот.
– Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот", страна 120)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 21 (3 mm) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестоаголна глава.
– Извлечете го капачето за затворање 22 од магацинот
8.
– Оставете ги дефектните шини на магацинот 20 да
склизнат од магацинот.
– Поставете ги новите шини во магацинот.
– Повторно ставете го поклопецот 22 на магацинот и
затегнете ја завртката за фиксирање 21.
Подмачкување на пневматскиот алат (види слика J)
Доколку пневматскиот алат не е приклучен на единица
за одржување, мора да се подмачкува на одредени
периоди:
– При лесна примена 1x дневно.
– При тешка примена 2x дневно.
Додадете 2–3 капки средство за подмачкување во
приклучниот елемент за воздух 6.Не употребувајте
премногу од средството за подмачкување, бидејќи тоа
се собира во пневматскиот алат и повторно излегува
преку излезот за воздух 4.
Исчистете го магацинот 8. Отстранете ги пластичните
или дрвените струготини, коишто може да се насоберат
во магацинот за време на работењето.
Образложение
Спречува насобирање на нечистотија и влага во
пневматскиот алат.
Овозможува постојано подмачкување на пневматскиот
алат.
Промена на штитникот за делот за обработка
(види слика H)
Штитникот за делот за обработка 1 на крајот на
осигурувачот за активирање 2 го штити делот за
обработка, додека пневматскиот алат не се постави
точно за процесот на забивање.
Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и
замени.
– Извадете ја стегата-пружина 23 и повлечете го
штитникот за делот за обработка од осигурувачот за
активирање 2.
– Притиснете го новиот штитник за делот за обработка
над запците на осигурувачот за активирање и
повторно наместете ја стегата-пружина.
Стационарна употреба на пневматскиот алат
(види слика I)
За стационарна употреба пневматскиот алат може да се
прицврсти на балансер на пружина.
Затоа Ви е потребно окцето на завртување 24.
– Извадете ја задната завртка на капачето за издувен
воздух со испорачаниот клуч со внатрешна
шестоаголна глава.
– Прицврстете го окцето 24 во капачето за издувен
воздух.
– Закачете го окцето во куките на балансерот на
пружина.
Транспорт и складирање
При транспорт исклучете го пневматскиот алат од
напојувањето со воздух, особено доколку користите
скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го пневматскиот алат само
за дршката 5 и со неактивирано чкрапало 10.
Пневматскиот алат постојано треба да се складира
исклучен од напојувањето со воздух и на суво, топло
место.
Доколку пневматскиот алат не се користи подолг
период премачкајте ги челичните делови со тенок слој
масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.
Користете само средства за подмачкување
препорачани од Bosch.
– Минерално моторно масло SAE 10 (се применува
при многу ладни амбиентални услови)
– Минерално моторно масло SAE 20
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Чистете го пневматскиот алат редовно со помош на
компресиран воздух.
Извршување
– Отворете го испусниот вентил.
– Наполнете го садот за средство за подмачкување со
препорачаното средство.
(види „Подмачкување на пневматскиот алат", страна 120)
– Секојдневно издувајте го механизмот на
магацинот/лизгачот на магацинот со компресиран воздух.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis