Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTC 400 C Professional Orginal-Betriebsanleitung Seite 222

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTC 400 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 222 Monday, July 24, 2017 12:07 PM
222 | Македонски
– „Ладна точка" m: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Најладната точка (= мерен пиксел) во мерното поле
автоматски се означува со син покажувач на
топлотната слика. Ова може да Ви олесни
препознавање на критично место, на пр. место што
не дихтува во изолација.
– „Покажувач" l: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Покажувачот се прикажува во средината на
топлотната слика и ја покажува измерената
температурна вредност на ова место.
– „Скала" h: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
– „WLAN": „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
(види „Пренос на податоци", страница 222)
– „Track My Tools": „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
(види „TrackMyTools", страница 224)
– „Уред"
– „Јазик"
Под оваа мерна точка можете да го прилагодите
јазикот на сите прикази.
– „Време и датум" a
За да ги промените датумот и времето во приказот
повикајте го подменито „Време и датум". Во ова
подмени можете да го промените и форматот на
датумот и времето.
За напуштање на подменито „Време и датум"
притиснете или на левото функциско копче 13 под
знакот за штиклирање за да ги зачувате поставките,
или десното функциско копче 7 под ознаката со крст,
за да ги отфрлите промените.
– „Тонски сигнали": „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Под оваа мерна точка можете да ги вклучите и
исклучите сигналните тонови.
– „Време на исклучување"
Со оваа точка од менито можете да го изберете
временскиот интервал кога треба мерниот уред
автоматски да се исклучи, доколку не се притисне
ниедно копче. Исто така може да го деактивирате
автоматското исклучување, доколку ја изберете
поставката „Никогаш".
– „Бришење на сите слики"
Со оваа точка од менито можете одеднаш да ги
избришете сите податоци, коишто се наоѓаат во
внатрешната меморија. Притиснете на копчето со
стрелка лево 8 за „повеќе ...", за да влезете во
подменито. Потоа притиснете или на левото
функциско копче 13 под знакот за штиклирање, за да
ги избришете сите податоци или на десното
функциско копче 7 под ознаката со крст за да го
прекинете процесот.
– „Информации за уредот"
Со оваа точка од менито можете да ги повикате
информациите преку мерниот уред. Таму ќе го
најдете серискиот број на мерниот уред и
инсталираната верзија на софтвер.
За да излезете од менито и да се вратите во стандардниот
екран за приказ, можете исто така да го притиснете и
копчето 17.
1 609 92A 3RD | (24.7.17)
Документација на мерни резултати
Зачувување на мерни резултати
Директно по вклучувањето мерниот уред започнува со
мерењето и континуирано го извршува сѐ до
исклучувањето.
За да зачувате една слика, насочете ја камерата кон
саканиот мерен објект и притиснете на копчето Зачувај
11. Сликата се зачувува во внатрешната меморија на
камерата. Алтернативно, притиснете го копчето
Замрзнување на мерењето 17. Мерењето се замрзнува и
Ви се прикажува на екранот. Ова Ви овозможува мирно
набљудување на сликата. Ако не сакате да ја зачувате
замрзнатата слика, со копчето 17 повторно се враќате во
мерниот режим. Ако сакате да ја зачувате сликата во
внатрешната меморија на камерата, притиснете на
копчето Зачувај 11.
Повикување на зачуваните слики
За повикување на зачуваните слики постапете на
следниот начин:
– Притиснете на функциското копче лево 13. Сега на
екранот се појавува последната зачувана фотографија.
– За менување меѓу зачуваните топлотни слики, при-
тиснете на копчињата со стрелки Десно 8 или Лево 12.
Бришење на зачуваните слики
За бришење на одделните топлотни слики одете во
галеријата:
– Притиснете на десното функциско копче 7 под ознаката
Корпа.
– Потврдете ја постапката со левото функциско копче 13
или прекинете ја постапката на бришење со
притискање на десното функциско копче 7 под
ознаката Прекини.
Бришење на сите слики
Во менито „Бришење на сите слики" можете одеднаш да
ги избришете сите податоци, коишто се наоѓаат во
внатрешната меморија.
Притиснете на копчето „Func" 6 за повикување на
мерните функции. Сега притиснете го десното функциско
копче 7 и изберете „Уред" > „Бришење на сите слики".
Притиснете на копчето со стрелка десно 8, за да го
отворите подменито. Потоа притиснете или на левото
функциско копче 13 под ознаката знакот за штиклирање,
за да ги избришете сите податоци или на десното фун-
кциско копче 7 под ознаката со крст за да го прекинете
процесот.
Пренос на податоци
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го капакот на микро-USB-отворот 3. Поврзете го
микро-USB-отворот на мерниот уред со помош на
испорачаниот микро-USB-кабел со Вашиот персонален
или мобилен компјутер.
Сега вклучете ја термовизиската камера со копчето 9.
Отворете го пребарувачот на податоци и изберете го
дискот „BOSCH GTC 400 C". Зачуваните JPG-датотеки
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis