Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTC 400 C Professional Orginal-Betriebsanleitung Seite 219

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTC 400 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 219 Monday, July 24, 2017 12:07 PM
Работа со батерија (види слика C)
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонскиот акумулатор што се користи
за Вашиот мерен уред.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
 По автоматското исклучување на мерниот уред, не
притискајте на копчето за вклучување-
исклучување. Батеријата може да се оштети.
За ставање на наполнетиот акумулатор 23 притиснете го
истиот во отворот за акумулатор 18, додека не се вклопи
правилно и не легне рамно со дршката на мерниот уред.
За вадење на акумулаторот 23 притиснете на копчињата
за отклучување 19 и извлечете го акумулаторот од
отворот 18. Притоа не употребувајте сила.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост f на екранот ја
покажува состојбата на наполнетост на батериите одн.
акумулаторот 23.
Приказ
Капацитет
>2/3
≤2/3
≤1/3
≤10 %
Менување на батериите одн. акумулаторот
Употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Внимавајте на правилната аклиматизација на
мерниот уред. При јаки температурни осцилации или
околни услови што можат многу да се променат може
да се наруши точноста на мерењето на мерниот уред,
додека тој целосно не се аклиматизира.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот
уред. По силните надворешни влијанија и при девијации
во функционалноста, мерниот уред треба да се провери
во овластена сервисна служба на Bosch.
Bosch Power Tools
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За мерење отворете го заштитното капаче 1. За време на
работата внимавајте да не се затвори или покрие
инфрацрвеното мерно поле.
За вклучување на мерниот уред, притиснете го копчето
за вклучување-исклучување 9. На екранот 14 се појавува
стартна секвенца. По стартната секвенца, мерниот уред
веднаш започнува со мерењето и континуирано го
извршува сѐ до исклучувањето.
Напомена: Во првите минути може да се случи мерниот
уред почесто да се самоподесува, бидејќи температурата
на сензорот и околната температура сѐ уште не се
изедначени. Новото калибрирање овозможува прецизно
мерење. За време на калибрирањето топлотната слика
кратко се замрзнува.
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување. Мерниот уред ги
зачувува сите подесувања и потоа се исклучува.
Затворете го заштитното капаче 1 за безбеден транспорт
на мерниот уред.
Во менито за подесување можете да изберете дали и по
колку време треба автоматски да се исклучи мерниот уред
(види „Време на исклучување", страница 222).
Доколку акумулаторот одн. мерниот уред се наоѓа надвор
од границите на температурата наведена во Технички
податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува по
кратко предупредување (види „Дефект – Причини и
помош", страна 223). Оставете го мерниот уред да се
истемперира и потоа повторно вклучете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред
само доколку го користите.
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на
температурата на површини
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот
и структурата на неговата површина. Тој наведува, дали
еден објект (во споредба со други објекти со иста
температура) испраќа многу или малку инфрацрвено
топлинско зрачење.
За одредување на температурата на површината, без
контакт се мери природното инфрацрвено топлинско
зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За точни
мерења, мора поставениот степен на емисија на мерниот
уред да се провери при секое мерење и доколку е
потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Можете да изберете претходно подесени степени на
емисија или да внесете точна бројна вредност. Подесете
го саканиот степен на емисија преку менито
„Мерење" >„Степен на емисија" (види страница 221).
 Прецизни температурни мерења се можни, доколку
подесениот степен на емисија и степенот на емисија
на објектот се совпаѓаат.
Разликите во бои може да се должат на различните темпе-
ратури и/или на различните степени на емисија. При мошне
Македонски | 219
1 609 92A 3RD | (24.7.17)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis