Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Philips Efficia 989803160651 Gebrauchsanweisung Seite 67

Inhaltsverzeichnis

Werbung

• Не користете го комплетот водови или кабелот ако при визуелната проверка забележите
контаминирачки течности/влакна во приклучоците на кабелот или друго видливо оштетување на
кабелот.
• Проверете дали водовите се добро поврзани со главниот кабел и дали главниот кабел е правилно
приклучен во мониторот/дефибрилаторот. Во спротивно, можно е да добиете погрешни
физиолошки податоци за пациентот.
• Проверете дали пациентот има соодветно заземјување при електрохируршките процедури (ESU) за
да спречите повреда на пациентот/корисникот (односно електричен удар).
• Комплетот водови и кабелот Efficia не се наменети за користење во MRI-опкружување бидејќи
постои можност да предизвикаат изгореници кај пациентот.
• Комплетот водови и кабелот Efficia не треба да се користат во салата за операции бидејќи постои
можност да предизвикаат погрешни физиолошки податоци или изгореници кај пациентот на
локацијата каде што се поставува електродата.
• За да избегнете повреда на пациентот, проверете дали комплетот водови и кабелот се добро
поставени за да не дојде до заплеткување, давење и задушување.
ВНИМАНИЕ
• Сојузниот закон (САД) ја ограничува продажбата на овој уред од страна или по налог на
здравствен работник.
• Не ги користете во премногу влажни опкружувања или во услови кои подлежат на влијание од
масивни течности (на пр., дожд).
• Не потопувајте го приклучокот на кабелот во каква било течност.
• Не чистете го кабелот со автоклав и не користете уреди за ултразвучно чистење.
• Не чистете ги електричните контакти на приклучокот на кабелот или приклучоците со белило.
• Очекуван работен век на овие производи е 12 месеци при стандардна клиничка употреба.
• Не исклучувајте го кабелот со влечење на жиците на водовите.
• Не заборавајте да го проверите кабелот визуелно пред да го прикачите на пациент или во монитор/
дефибрилатор. Погледнете ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА ПРЕД УПОТРЕБАТА.
ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА ПРЕД УПОТРЕБАТА
Пред да приклучите кабел на пациент или во монитор, визуелно проверете дали кабелот е при крај
на работниот век. Проверете дали има пукнатини, испакнувања, лупење, изложени жици, оштетени
приклучоци и слична дотраеност или оштетувања што може да предизвикаат погрешни отчитувања
или повреда на пациентот/корисникот (на пр., исеченици). Секогаш кога при визуелната проверка ќе
забележите дека кабелот повеќе не е соодветен за континуирана употреба, следете ги соодветните
постапки за депонирање на производот (погледнете во ДЕПОНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ).
ПОСТАВУВАЊЕ НА ВОДОВИТЕ ЗА ЕКГ НА ПАЦИЕНТОТ
Погледнете ги упатствата за користење на компатибилниот монитор за да дознаете повеќе
информации за правилното поставување на водовите/електродите за ЕКГ во согласност со
стандардите AAMI или IEC.
ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА
Погледнете го придружниот документ ECG Lead Sets, Cables and Adapter Cables Care, Cleaning, and
Disinfection (Грижа, чистење и дезинфекција на комплетите водови за ЕКГ, каблите и каблите со
адаптери) на овие упатства за користење за да дознаете за одобрените средства и постапки за
чистење/дезинфекција. За да го намалите ризикот од пренесување инфекции:
• Исчистете/дезинфицирајте ги комплетот водови и кабелот пред првата употреба и пред да ги
употребите на друг пациент.
• Исчистете/дезинфицирајте ги комплетот водови и кабелот за повеќекратна употреба што се
поставени на пациентот доколку забележите дека се валкани.
СТЕРИЛИЗАЦИЈА
Сите комплети водови и кабли кои се опишани во ова упатство за користење не треба да се
стерилизираат.
59

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis