Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 0 607 661 505 Originalbetriebsanleitung Seite 221

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1993-004.book Page 221 Tuesday, December 6, 2016 12:07 PM
– Свртете го шрафот за подесување 20 со помош на
внатрешниот шестаголен клуч 19.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот
создава висок вртежен момент, а вртењето во правец
спротивен од стрелките на часовникот создава помал
вртежен момент.
Напомена: Потребната поставка за вртежниот момент
зависи од видот на сврзувањето и може да се одреди со
практичен обид.
– Проверете го зашрафувањето со вртежен момент клуч.
Доколку не ја постигнете саканата вредност, повторете
ја поставката на вртежниот момент.
– По поставувањето, повторно завртете го шрафот за
затворање 8.
Напомена: Доколку по постигнувањето на поставениот
вртежен момент, пневматскиот алат не се исклучи
автоматски, мора да го свртите шрафот за подесување 20
во насока спротивна од стрелките од часовникот, за да го
намалите затезниот вртежен момент.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Подмачкување на пневматскиот алат
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 6 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 7 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 219) и оставете го да
работи 5 –10 с, додека не го соберете маслото што
капе со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
Bosch Power Tools
Редовно одржување
– Види и „Менување на масло", страна 221.
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
– Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат
од стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
– По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и
проверете дали пневматскиот алат има зголемени
вибрации.
Менување на масло
По околу 150000 зашрафувања во цврсти материјали
(макс. 2 –3 импулси) треба да се заменат маслото во
импулсниот механизам 26 и прстените за дихтување 25,
29 и 31.
Исклучива употреба на опремата
0 607 661 ...
Хидраулично масло
3 605 430 008
Сет на прстени за
дихтување (7 парчиња) 3 607 030 360
Сет на прстени за
дихтување (7 парчиња) 3 607 030 352
Од сетот на прстени за дихтување потребни ви се само 3
гумени прстени. При замената на прстенот за дихтување,
внимавајте на соодветната големина.
Демонтажа на импулсниот механизам
(види слика H одн. слика I)
За да го промените маслото, мора да го демонтирате
импулсниот механизам 26.
 Пред демонтажата, оставете го импулсниот
механизам да се олади на собна температура.
 Додека го менувате маслото, носете соодветна
заштитна облека, заштитни очила и заштитни
ракавици.
– Поставете соодветен вилушкаст клуч (видете ја
ширината на клучот во „Технички податоци") на
површината за клучот 34 и отшрафете го куќиштето 3
со импулсниот механизам во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
 Внимавајте на тоа, да не испадне ламелниот мотор
од задното куќиште на пневматскиот алат.
1 609 92A 37T | (6.12.16)
Македонски | 221
... 505
... 506
... 509
... 510 ... 507

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis