4 Безбедносни упатства
► Заменете ги изабените или оштетените
плочки со напомени.
■ Од оштетена акумулаторска батерија може
да истече течност. Ако течноста дојде во
допир со кожата или со очите, можно е да
предизвика надразнување на кожата или на
очите.
► Избегнете допир со течноста.
► При допир со кожата: Погодените места
на кожата измијте ги со многу вода и
сапун.
► При допир со очите: Очите плакнете ги
најмалку 15 минути со многу вода и
побарајте лекарска помош.
■ Оштетена или неисправна акумулаторска
батерија може да мириса необично, да
чади или да гори. Луѓе може да бидат
тешко повредени или усмртени и можна е
материјална штета.
► Ако акумулаторската батерија мириса
необично или чади: Не користете ја
акумулаторската батерија и држете ја
подалеку од горливи материи.
► Ако акумулаторската батерија гори:
Обидете се да ја изгаснете
акумулаторската батерија со
противпожарен уред или со вода.
4.6.4
Уред за полнење
Уредот за полнење е во состојба за безбедна
употреба доколку се исполнети следниве
услови:
– Уредот за полнење е неоштетен.
– Уредот за полнење е чист и сув.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно
компонентите да не функционираат
правилно и безбедносните механизми да
бидат исклучени. Луѓе може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Користете неоштетен уред за полнење.
► Ако уредот за полнење е валкан или
воден: Исчистете го и исушете го уредот
за полнење.
► Не вршете промени на уредот за
полнење.
► Не ставајте предмети во отворите на
уредот за полнење.
► Не допирајте ги електричните контакти
на уредот за полнење со метални
предмети, за да се избегне краток спој.
► Не отворајте го уредот за полнење.
0478-131-9981-A
4.7
Работење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Корисникот не може да работи
сконцентрирано во одредени ситуации.
Корисникот може да се сопне, да падне и
да биде сериозно повреден.
► Работете смирено и внимателно.
► Ако осветлувањето и видливоста се
слаби: Не работете со косилката за
трева.
► Работете сами со косилката за трева.
► Внимавајте на пречките.
► Не навалувајте ја косилката за трева.
► Работете стоејќи на тлото и одржувајте
ја вашата рамнотежа.
► Ако почувствувате знаци на замор:
Направете пауза.
► Ако косите по падини: Косете напречно
по падината.
► Не работете на падини со наклон
поголем од 25° (46,6%).
■ Тврдите предмети што удираат во
ротирачкиот нож може да ја оштетат
косилката за трева.
► Ако тврд предмет удри во ротирачкиот
нож, исклучете ја косилката за трева,
извадете го акумулаторот и проверете ја
косилката за трева за оштетувања.
► Ако косилката за трева е оштетена:
Обратете се кај овластен дистрибутер на
STIHL.
■ Корисникот може да се пресече од
ротирачкиот нож. Корисникот може
сериозно да се повреди.
► Не допирајте го ротирачкиот нож.
► Ако ножот е блокиран од предмет:
Исклучете ја косилката за трева,
извадете го акумулаторот. Само
со изгасен мотор, тргнете го
предметот.
■ Ако косилката за трева го смени начинот на
работа или се однесува невообичаено,
можно е косилката за трева да не е во
безбедна состојба. Луѓето може да бидат
сериозно повредени и може да се
предизвика материјална штета.
► Завршете ја работата, извадете го
акумулаторот и обратете се кај овластен
дистрибутер на STIHL.
■ Косилката за трева може да вибрира кога
работи.
► Носете заштитни ракавици.
► Правете пауза.
► Ако чувствувате знаци на нарушување
на циркулацијата: Одете на лекар.
македонски
773