24 Адреси
стандарди што се валидни за датумот на
производството: EN 62841-1, EN IEC
62841-4-3, EN 55014-1 и EN 55014-2.
Назначена учесничка страна:
TUV Rheinland UK LTD
1011 Stratford Road
Solihull, B90 4BN
При утврдувањето на измерените и на
гарантираните вредности за нивото на бучава
е постапено според британската регулатива
Noise Emission in the Environment by
Equipment for use Outdoors Regulations 2001,
Schedule 11.
– Измерено ниво на моќност на звукот:
87,9 dB(A)
– Гарантирано ниво на моќност на звукот:
90 dB(A)
Техничките документи се чуваат кај
STIHL Tirol GmbH.
Годината на производство и бројот на
машината се наведени на косилката за трева.
Лангкампфен, 22.04.2024
STIHL Tirol GmbH
по овластување на
Matthias Fleischer, Раководител на одделот за
развој на производите
по овластување на
Sven Zimmermann, Раководител на одделот
за квалитет
24 Адреси
www.stihl.com
25 Општи и специфични
безбедносни упатства за
производот
25.1
Вовед
Ова поглавје ги претставува општите и
специфичните безбедносни упатства за
производот што се пропишани и претходно
формулирани во стандардот за производот.
Безбедносните упатства наведени под
„Електрична безбедност" за избегнување
0478-131-9981-A
електричен удар не важат за производите на
STIHL на батерии, со исклучок на точка c).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, илустрации и
спецификации што доаѓаат со оваа косилка
за трева. Доколку не се следат упатствата
подолу, може да дојде до струен удар,
пожар и/или сериозна повреда. Чувајте ги
сите безбедносни информации и упатства
за идна употреба.
25.2
Безбедност на работното
место
a) Одржувајте ја работна област чиста и
добро осветлена. Нередот или
неосветлените работни области може да
доведат до несреќи.
b) Не работете со косилката за трева во
околина со опасност од експлозија во
којашто се наоѓаат запаливи течности,
гасови или прашина. Косилките за трева
создаваат искри што може да ги запалат
прашината или испарувањата.
c) Држете ги децата и другите луѓе подалеку
додека ја користите косилката за трева.
Ако сте расеани, може да ја изгубите
контролата над косилката за трева.
25.3
Безбедност при работа со
струја
a) Приклучокот на косилката за трева мора
да се вклопи во штекерот. Штекерот не
смее да се менува на никаков начин. Не
користете приклучоци за адаптер заедно
со сигурносно заземјени косилки за трева.
Непроменетите приклучоци и соодветните
штекери ќе го намалат ризикот од
електричен удар.
b) Избегнувајте телесен допир со вземени
површини, како на пр. цевки, печки,
шпорети и фрижидери. Постои зголемен
ризик од електричен удар ако вашето
тело е заземјено.
c) Држете ја косилката за трева подалеку од
дожд и влага. Навлегувањето на вода во
косилката за трева ја зголемува
опасноста од струен удар.
d) Не користете го приклучниот кабел за
други цели. Никогаш не користете го
приклучниот кабел за носење, влечење
македонски
793