Herunterladen Diese Seite drucken

Stihl RMA 235.1 Gebrauchsanleitung Seite 772

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RMA 235.1:
Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
македонски
4.6
Состојба за безбедна
употреба
4.6.1
Косилка за трева
Косилката за трева е во безбедна состојба
доколку се исполнети следните услови:
– Косилката за трева не е оштетена.
– Косилката за трева е чиста и сува.
– Командните елементи функционираат и не
се изменети.
– Ножот е правилно монтиран.
– На косилката за трева е прикачен прибор
од STIHL.
– Приборот е исправно монтиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Кога уредот не е безбеден за употреба,
компонентите може да не функционираат
правилно и безбедносните механизми да
бидат исклучени. Може да дојде до тешки
телесни повреди или смрт.
► Работете со неоштетена косилка за
трева.
► Ако косилката за трева е валкана или
водена: исчистете ја и исушете ја
косилката за трева.
► Не модифицирајте ја косилката за трева.
► Ако командните елементи не
функционираат: не работете со
косилката за трева.
► Монтирајте оригинален прибор од STIHL
за оваа косилка за трева.
► Монтирајте го ножот како што е опишано
во ова упатство за употреба.
► Приборот монтирајте го така, како што е
опишано во ова упатство за употреба
или во упатството за употреба на
приборот.
► Не вметнувајте предмети во отворите на
косилката за трева.
► Заменете ги истрошените или
оштетените таблички со инструкции.
► Ако нешто не ви е јасно: побарајте
помош од специјализиран продавач
STIHL.
4.6.2
Нож
Ножот е во безбедна состојба доколку се
исполнети следниве услови:
– Нема оштетување на ножот и додатоците.
– Ножот не е деформиран.
– Ножот е правилно монтиран.
– Ножот е правилно наострен.
– Ножот не е изгребан.
– Ножот е правилно балансиран.
772
– Минималната дебелина и ширина на ножот
не се намалени од премногу острење,
19.2.
– Се придржувате до наведениот агол на
острење,
19.2.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако не е во безбедна состојба, делови од
ножот може да се олабават и да излетаат.
Може да дојде до тешки телесни повреди.
► Работете со неоштетен нож и
неоштетени додатоци.
► Правилно монтирајте го ножот.
► Правилно наострете го ножот.
► Доколку не се достигне минималната
дебелина или минималната ширина:
Заменете го ножот.
► Избалансирајте го ножот во овластен
дистрибутер за STIHL.
► Ако нешто не е јасно: Посетете овластен
дистрибутер на STIHL.
4.6.3
Акумулаторска батерија
Акумулаторската батерија е во состојба за
безбедна употреба доколку се исполнети
следниве услови:
– Акумулаторската батерија е неоштетена.
– Акумулаторската батерија е чиста и сува.
– Акумулаторската батерија функционира и
не е изменета.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба, акумулаторската
батерија веќе не може да функционира
безбедно. Луѓе може да бидат тешко
повредени.
► Работете со неоштетена и функционална
акумулаторска батерија.
► Не полнете оштетена или неисправна
акумулаторска батерија.
► Ако е валкана акумулаторската батерија:
Исчистете ја акумулаторската батерија.
► Ако е водена или влажна
акумулаторската батерија: Оставете ја
да се исуши акумулаторската батерија,
19.7.
► Не вршете измени на акумулаторската
батерија.
► Не ставајте предмети во отворите на
акумулаторската батерија.
► Не допирајте ги електричните контакти
на акумулаторската батерија со метални
предмети, за да се избегне краток спој.
► Не отворајте ја акумулаторската
батерија.
4 Безбедносни упатства
0478-131-9981-A
loading