4 Безбедносни упатства
► Внимавајте на пречките.
► Не навалувајте ја косилката за трева.
► Работете стоејќи и внимавајте на
рамнотежата.
► Ако се јават знаци на замор: Направете
пауза во работењето.
► Ако косите по падини: косете напречно
по падината.
► Не работете на падини со наклон
поголем од 25° (46,6%).
► Користете ја косилка за трева со посебна
претпазливост кога работите во близина
на падини, рабови на површини, јами и
насипи.
► Работното време планирајте го така што
ќе се избегнат поголеми оптоварувања
во тек на подолг временски период.
■ Кога моторот работи, се создаваат издувни
гасови. Вдишаните издувни гасови може да
отрујат луѓе.
► Не вдишувајте издувни гасови.
► Работете со косилката за трева на добро
проветрени места.
► Ако се јават мачнина, главоболка, пречки
во видот, пречки во слухот или
вртоглавица: прекинете ја работата и
побарајте лекарска помош.
■ Кога корисникот носи заштита на слухот и
моторот работи, корисникот ограничено
може да ги забележи и процени звуците.
► Работете мирно и промислено.
■ Ако стартната сајла брзо отскокне наназад,
дланката и раката ќе бидат повлечени кон
моторот побрзо отколку што сајлата може
да се олабави. Може да дојде до фрактури
на коските, модринки и извртувања.
► Полека извлекувајте ја стартната сајла
додека не почувствувате отпор, а потоа
брзо повлечете ја до должината на
раката за да избегнете повратен удар.
■ Корисникот може да се пресече од
ротирачкиот нож. Корисникот може да биде
тешко повреден.
► Извлечете го приклучникот на
свеќичката.
► Рацете и нозете да се држат
настрана од ножот.
► Не допирајте го ротирачкиот нож.
► Ако предмет го блокира алатот за
сечење: изгасете го моторот. Дури
тогаш отстранете го предметот.
0478-111-9963-A
Не посегнувајте во работната област
на ножот додека моторот работи.
■ Ако работите без погонски систем за време
на работата, погонскиот систем може да се
вклучи ненамерно и косилката за трева ќе
почне да се движи. Може да дојде до тешки
повреди и можна е материјална штета.
► Активирајте ја рачката со прекинувач за
погонскиот систем само кога треба да се
вклучи погонскиот систем.
■ Ако косилката за трева го смени начинот на
работа или се однесува невообичаено,
можно е косилката за трева да не е во
безбедна состојба. Може да дојде до тешки
повреди и можна е материјална штета.
► Прекинете ја работата и побарајте
помош од специјализиран продавач
STIHL.
■ Косилката за трева може да вибрира кога
работи.
► Носете заштитни ракавици.
► Правете пауза.
► Ако се појават знаци на нарушена
циркулација: Побарајте лекарска помош.
■ Проверете ја површината за косење и
внимавајте на пречките. Ако ножот удри во
предмет додека работи, тој или делови од
него може да излетаат со голема брзина.
Луѓето може да се повредат и може да
настане материјална штета.
► Од работната површина
отстранете ги предметите како
што се камења, стапови, жици,
играчки или други предмети.
Обележете ги скриените предмети
што не може да се отстранат.
■ Кога ќе се отпушти рачката со прекинувач
за косење, ножот продолжува да ротира
кратко време. Може да дојде до тешки
повреди.
► Почекајте додека ножот не
престане да се врти.
► Не откачувајте ја корпата за
собирање трева додека ножот не
престане да се врти.
► Додатокот за мулчење извадете го
дури кога ножот веќе не се врти.
■ Ако ротирачкиот нож удри во тврд предмет,
може да се појават искри. Во лесно
запалива средина, искрењето може да
предизвика пожари. Луѓе може да бидат
тешко повредени или усмртени и можна е
материјална штета.
македонски
609