4 Безбедносни упатства
– Капачето на резервоарот за гориво е
затворено.
– Од косилката за трева не истекува моторно
масло.
– Капачето за моторното масло е затворено.
– Косилката за трева е чиста.
– Командните елементи функционираат и не
се изменети.
– Ако се коси и искосената трева треба да се
собере во корпата за собирање трева:
корпата за собирање трева е правилно
прикачена.
– Ако се коси и искосената трева треба да се
исфрла одзади: корпата за собирање трева
е извадена и клапната за исфрлање е
затворена.
– Ако се мулчи: додатокот за мулчење е
поставен, корпата за искосена трева е
откачена и клапната за исфрлање е
затворена.
– Ножот е правилно монтиран.
– На косилката за трева правилно е монтиран
оригинален прибор од STIHL.
– Механизмите со пружина се неоштетени и
работат.
– Кога ќе ја пуштите рачката со
прекинувач за косење, моторот се гаси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно
компонентите да не функционираат
правилно и безбедносните механизми да
бидат исклучени и може да истекува
гориво. Може да дојде до тешки телесни
повреди или смрт.
► Работете со неоштетена косилка за
трева.
► Ако истекува бензин од косилката за
трева: не работете со косилката за трева
и побарајте помош од специјализиран
продавач STIHL.
► Затворете го капачето на резервоарот за
гориво.
► Ако истекува моторно масло од
косилката за трева: не работете со
косилката за трева и побарајте помош од
специјализиран продавач STIHL.
► Затворете го капачето за моторно масло.
► Доколку косилката за трева е нечиста:
исчистете ја косилката за трева.
► Не манипулирајте со косилката за трева
или нејзините безбедносни системи.
► Не правете измени на косилката за трева
со кои се менува моќноста или бројот на
вртежи на моторот.
0478-111-9963-A
► Ако командните елементи не
функционираат: не работете со
косилката за трева.
► Механизмите со пружина може да
ослободат складирана енергија.
► Ако се коси и искосената трева треба да
се прикачи во корпата за собирање
трева: прикачете ја клапната за мулчење
така како што е опишано во ова упатство
за употреба,
► Ако се мулчи: поставете го додатокот за
мулчење како што е опишано во ова
упатство за употреба,
► Монтирајте го ножот како што е опишано
во ова упатство за употреба,
► Монтирајте го оригиналниот прибор од
STIHL за оваа косилка за трева како што
е опишано во ова упатство за употреба
или во упатството за употреба на
приборот.
► Не вметнувајте предмети во отворите на
косилката за трева.
► Истрошените или оштетените знаци нека
ги замени специјализиран продавач
STIHL.
► Ако нешто не ви е јасно: побарајте
помош од специјализиран продавач
STIHL.
4.6.2
Нож
Ножот е во безбедна состојба доколку се
исполнети следниве услови:
– Нема оштетување на ножот и додатоците.
– Ножот не е деформиран.
– Ножот е правилно монтиран.
– Ножот е правилно наострен.
– Ножот не е изгребан.
– Ножот е правилно балансиран.
– Минималната дебелина и ширина на ножот
не се намалени од премногу острење,
19.2.
– Се придржувате до наведениот агол на
острење,
19.2.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако не е во безбедна состојба, делови од
ножот може да се олабават и да излетаат.
Може да дојде до тешки телесни повреди.
► Работете со неоштетен нож и
неоштетени додатоци.
► Правилно монтирајте го ножот.
► Правилно наострете го ножот.
► Доколку не се достигне минималната
дебелина или минималната ширина:
Заменете го ножот.
македонски
6.3.2.
6.2.2.
16.2.2.
607