Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch Climate 3200i Installationsanleitung Seite 171

Split-klimagerät

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 41
4
Пуштање во употреба
4.1
Список на проверки за пуштање во употреба
1
Надворешната и внатрешната единица се
прописно монтирани.
2
Цевките се прописно
• поврзани,
• изолирани топлински,
• проверени дали протекуваат.
3
Поставен е соодветен одвод за кондензација и
истиот е тестиран.
4
Електричниот приклучок е прописно поврзан.
• Напојувањето со струја е во нормален опсег
• Заштитниот спроводник е прописно поставен
• Кабелот за поврзување е цврсто приклучен
со клемите
5
Сите капаци се поставени и прицврстени.
6
Преградата за насочување на воздухот на
внатрешната единица е правилно монтирана и
актуаторот е на место.
Таб. 10
4.2
Тест на функциите
Системот може да се тестира откако ќе се изврши инсталацијата,
вклучително и тестот за непропустливост и откако ќе се воспостави
електричното поврзување:
▶ Поврзете го напојувањето.
▶ Вклучете ја внатрешната единица со далечинскиот управувач.
▶ Притиснете го копчето
(
).
▶ Притиснете го копчето со стрелка (/) додека не се постави
најниската температура.
▶ Тестирајте го режимот на ладење 5 минути.
▶ Притиснете го копчето
(
).
▶ Притиснете го копчето со стрелка (.) додека не се постави
највисоката температура.
▶ Тестирајте го режимот на греење 5 минути.
▶ Осигурете се дека хоризонталната лопатка има слободно движење.
При собна температура под 17 °C режимот за ладење мора да се
вклучи рачно. Таквиот рачен режим е предвиден само за тестирање
и итни случаи.
▶ Во нормални случаи, секогаш се користи далечинскиот управувач.
За рачно да го вклучите режимот на ладење:
▶ Исклучете ја внатрешната единица.
▶ Притиснете го копчето за рачен режим на ладење двапати со
помош на тенок предмет ( Слика 23).
▶ Притиснете го копчето Mode на далечинскиот управувач за да
излезете од рачно поставениот режим за ладење.
Рачната работа не е возможна кај системи на мулти-сплит клима
уреди.
Climate 3200i – 6721892962 (2025/03)
за да го поставите режимот на ладење
за да го поставите режимот на греење
4.3
Предавање на корисникот
▶ Кога системот е поставен, предајте го прирачникот со упатствата
за монтажа на корисникот.
▶ Објаснете му на корисникот како да ракува со системот со помош
на упатствата за ракување.
▶ Препорачајте му на корисникот да ги прочита внимателно
упатствата за ракување.
Пуштање во употреба
171

Werbung

loading