Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTM 12 JL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 365

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTM 12 JL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 21
OBJ_BUCH-1688-005.book Page 365 Wednesday, June 17, 2015 9:11 AM
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
При менување на листот на пилата внимавајте на тоа,
ширината на резот да не е помала и дебелината на
основниот лист да не е поголема од дебелината на клинот
за расцепување.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција
Пила за отсекување/сечење под агол. (види „Работна
позиција", страна 365)
– Отшрафете ги шрафовите за фиксирање 10 со
испорачаниот плоснат одвртувач 5.
– Извлечете го држачот 11 на десно. Сега свртете го
држачот нагоре и навалете ја истовремено заштитната
хауба со повратен механизам 20 до крај наназад.
На тој начин, заштитната хауба со повратен механизам
ќе се фиксира во отворена позиција нагоре.
– Свртете го инбус шрафот 12 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 5 и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното 13 додека не се
вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 13 и
одвртете го шрафот 12 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 14.
– Извадете го листот за пилата 7.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 15.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот на пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
куќиштето!
– Поставете ја стезната прирабница 14 и шрафот 12.
Притиснете ја блокадата на вретеното 13 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Свртете го држачот 11 надолу и истовремено навалете
ја заштитната хауба со повратен механизам 20
повторно надолу, додека држачот не се вклопи.
– Повторно зашрафете го шрафот за фиксирање 10 и
цврсто затегнете го.
Транспорт (види слика g)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција
Столна кружна пила. (види „Работна позиција", страна
371)
Bosch Power Tools
– Позиционирајте го паралелниот граничник 61 целосно
над заштитната хауба 63.
За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка 64 надолу.
– Ставете ја водечката подвижна летва на чивиите 67.
– Поставете го поклопецот за листот на пилата 66 на
масата за пила 22.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– При подигање или транспорт, држете за жлебовите за
држење 4 странично на масата за пила 22.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Користење како пили за
отсекување и сечење под
агол
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Работна позиција (види слика
Доколку електричниот апарат сè уште се наоѓа во
фабричка состојба одн. доколку истиот се користи како
столна кружна пила, пред да го примените како пила за
отсекување и сечење под агол, мора да ги проследите
следните чекори:
– Отпуштете ги двата затезни лоста 68 под масата за
пилата 59.
– Извлечете ја масата за пилата до крај нагоре.
– Држете ја масата за пилата во оваа позиција и повторно
затегнете го затезниот лост.
– Позиционирајте го паралелниот граничник 61 како
заштита над листот на пилата.
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 18
надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач
38.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 38.
– Извадете го долниот поклопец на листот на пилата 66 и
ставете го во жлебот на десната страна од паралелниот
граничник 61.
 Не го фрлајте долниот поклопец на листот за пила!
Доколку не е вметнат долниот поклопец на листот за
пила, комбинираната пила не може да се користи како
столна тркалезна пила!
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
– Олабавете ја завртката за блокада 44.
Македонски | 365
A)
1 609 92A 18Z | (17.6.15)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis