Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ножици За Потстрижување - AL-KO Multitool BC 260 MT Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
MK
падината, потоа вратете се преку
искосениот дел и косете ја следната
лента.
Прилагодете го бројот на вртежите на
моторот и длабочината на сечењето на
актуелните состојби. Доколку вртењето на
моторот е премало, во алатката за сечење
може да се фати или да се заглави
троскот.
Доколку трева, гранки и други предмети се
фатат во алатката за сечење или уредот
вибрира невообичаено, веднаш исклучете
го моторот и проверете го уредот.
Блокиран аголен преносник може да
доведе до оштетување на спојката.
Никогаш не отстранувајте заглавен
искосен материјал при активирано сечило.
Затоа почекајте, сечилото да се смири.
Доколку сечилото е тапо, скршено или
извиткано, заменете го со оригинален
резервен дел.
7.3
Работење со поставување на
градинарски нож
7.3.1
Избегнување на повратен удар
При работата со пилата на градинарскиот
нож, при нестручна употреба може да дојде до
повратен удар на пилата. За да се избегне
ова:
Градинарскиот нож секогаш треба да се
држи цврсто, со двете раце.
Секогаш започнете со сечење со активен
синџир.
За подобра контрола, пилете со долниот
раб на водечката шина. Притоа поставете
го градинарскиот нож колку е можно
порамно.
Никогаш немојте да пилите со врвот на
водечката шина.
Пилењето со горниот раб може да
предизвика повратен удар на пилата, ако
синџирот се заглави или ако наиде на тврд
предмет во дрвото.
Работете само со правилно наострен и
затегнат синџир.
422
7.3.2
Контролирање на затегнатоста на
синџирот
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда
поради отскокнување на синџирот!
Недоволно затегнат синџир може да отскокне
за време на работата и да доведе до повреди.
Често контролирајте ја затегнатоста на
синџирот. Затегнатоста на синџирот е
премала ако синџирните врски излегуваат
од жлебот на долната страна од
водечката шина.
Соодветно затегнете го синџирот ако
затегнатоста на синџирот е многу мала.
Често контролирајте ја затегнатоста на
синџирот бидејќи новите синџири се
издолжуваат.
1. Провлечете го малку синџирот со рака и
контролирајте притоа:
Во ладна состојба: Синџирот е
вистински затегнат, кога во средина на
водечката шина може да се подигне за
околу 3 – 4 mm и лесно може да се
повлече со рака. При работна
температура, синџирот се издолжува и
виси.
Погонските делови од синџирот не
смеат да излезат од жлебот на
долната страна од водечката шина –
инаку синџирот може да се разлабави.
2. Ако е потребно, затегнете го синџирот
види Поглавје 4.3.2 "Затегнување и
олабавување на синџирот (17)",
страна 419.
7.4
Работење на поставување на ножици
за потстрижување
Ножиците за потстрижување се
доведуваат до саканиот агол.
Максималниот пречник на засекот зависи
од видот на дрвото, староста,
количеството на влага и тврдоста на
дрвото. Затоа, многу дебелите гранки
пред сечењето на живата ограда, скратете
ги на соодветна должина со ножици за
гранки.
Ножиците за потстрижување може да се
водат преку двостраните ножеви напред и
назад или преку нишање од една на друга
страна.
Кројте ги прво страните од живата ограда
па дури потоа горниот раб.
Живата ограда се сече оддолу нагоре.
Работа
BC 260 MT

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis