Herunterladen Diese Seite drucken

Stihl RM 3.1 RT Gebrauchsanleitung Seite 470

македонски
Висината на косење кај предното тркало и кај
задното тркало се поставува одвоено.
Висината на косење мора да биде идентична
однапред и одназад.
Нагодување на висината на предното косење
► Изгасете го моторот.
Ножот не смее да ротира.
► Извлечете го приклучникот на свеќичката.
► Косилката за трева ставете ја на рамна
површина.
► Цврсто држете ја виљушката за
тркалата (1) со едната рака.
Косилката за трева не може да падне во
најниската позиција поради сопствената
тежина.
► Притиснете ја и цврсто држете ја рачката
за деблокирање (2) во насока на стрелката.
► Лизнете го елементот за штелување (3) во
позиција „Нагодување на висината на
косење" и оставете го да се забрави.
► Притиснете на виљушката за тркалата (1)
за да ја намалите висината на косење.
► Подигнете ја виљушката за тркалата (1) и
притиснете на вртливата оска (4) за да ја
зголемите висината на косење.
470
11 Работење со косилката за трева
► Отпуштете ја рачката за деблокирање (2).
► Приклучете го приклучникот на свеќичката.
Нагодување на висината на задното косење
► Изгасете го моторот.
Ножот не смее да ротира.
► Извлечете го приклучникот на свеќичката.
► Косилката за трева ставете ја на рамна
површина.
► Цврсто држете го долниот дел од
управувачот (1) со едната рака.
Косилката за трева не може да падне во
најниската позиција поради сопствената
тежина.
► Повлечете ја рачката (2)кон тркалото и
поставете ја истата позиција како кај
предното тркало.
► Приклучете го приклучникот на свеќичката.
11.4
Вклучување и исклучување
на погонскиот систем
11.4.1
Вклучување на погонскиот систем
► Косилката за трева ставете ја на рамна
површина.
► Стартувајте го моторот.
► Рачката со прекинувач (1) целосно
повлечете ја во насока на управувачот (2) и
држете така што палецот ќе го опфати
управувачот (2).
Косилката за трева ќе започне да се движи.
11.4.2
Исклучување на погонскиот систем
► Ослободете ја рачката-прекинувач на
погонскиот систем.
► Почекајте косилката за трева да застане.
0478-111-9972-A

Fehlerbehebung

loading