Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 330

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
330 | Македонски
Проширување за масата за сечење (види слика A)
Проширување за масата за сечење (6) ја проширува
масата за сечење (21) кон десно.
– Повлечете ја затезната дршка (13) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за
сечење (6) до саканата должина.
– Притиснете ја затезната дршка (13) надолу. Со тоа се
фиксира проширувањето на масата за сечење.
Подесување на вертикалниот и
хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
Поставување на вертикален агол на закосување
(сечило за пила) (види слика B)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете го лостот за блокада (18) во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за
блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од
околу 30° под влијание на гравитацијата.
– Повлечете го или притиснете го рачното тркало (14)
по должина на кулисата, додека агломерот (52) не го
покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (18).
За брзо и прецизно подесување на вертикален
стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички
поставените граничници ((20), (17)).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(аголен граничник) (види слика C)
Напомена: За регенерирачко сечење (долг клин)
користете соодветни уреди.
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во еден опсег од 30° (на левата страна) до 30°
(на десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (53), доколку е
затегнато.
– Свртете го аголниот граничник додека агломерот (54)
не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (53).
Поставување на паралелниот граничник
Паралелниот граничник (5), може да се позиционира
лево или десно од сечилото за пила. Ознаката на
лупата (55) го покажува поставеното растојание на
паралелниот граничник со сечилото за пила на
скалата (1).
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата
страна на сечилото за пила (види „Монтирање на
паралелниот граничник (види слика e)", Страница 327).
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење
– Олабавете ја затезната дршка (39) на паралелниот
граничник (5). Поместувајте го паралелниот
граничник сè додека ознаката во лупата (55) не го
покаже саканото растојание до сечилото на пила.
При неизвлечена маса за сечење важи долниот натпис
на сребрената скала (1).
– За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (39) надолу.
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење (види слика D)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (55) не покаже на долната скала 29
cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (39) надолу.
– Повлечете ја затезната дршка (13) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го проширувањето на масата за сечење (6)
кон надвор, додека показателот на растојание (56) не
го покаже саканото растојание кон сечилото за пила на
горната скала.
– Притиснете ја затезната дршка (13) надолу.
На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата
за сечење.
Подесување на дополнителен паралелен
граничник (види слика E)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (41) на паралелниот
граничник (5).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (5).
Деловите за обработка може да се заглават помеѓу
паралелниот граничник и сечилото за пила при сечењето
и да го зафати и исфрли сечилото за пила.
Затоа дополнителниот паралелен граничник наместете го
на тој начин што крајот на водилката ќе завршува во
полето помеѓу предниот забец на сечилото за пила и
предниот раб на клинот за расцепување.
– Олабавете ги сите пеперутка-навртки од сетот за
прицврстување (42) и поместете го дополнителниот
паралелен граничник додека само двете предни
завртки ќе служат за прицврстување.
– Повторно затегнете ги пеперутка-навртките.
Подесување на клинот за расцепување
Клинот за расцепување (4) спречува сечилото за пила
(24) да се заглавува во засекот. Во спротивно постои
опасност на повратен удар, доколку сечилото за пила се
закачи на предметот за обработка.
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional