Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 321

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, ќе доведат до намалување на
лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали
u
прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во
струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со
прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или
u
француски клуч пред да го вклучите електричниот
алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе
до лична повреда.
Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
u
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
u
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
Ако се користат поврзани уреди за вадење
u
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
u
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
u
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
Не користете електричен алат ако не можете да го
u
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
Bosch Power Tools
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни упатства за столни пили
Предупредувања за заштита
Чувајте ги штитниците на своето место. Штитниците
u
мора да бидат во работна состојба и правилно
монтирани. Доколку штитникот е олабавен, оштетен
или не функционира правилно, тогаш мора да се
поправи или да се замени.
Секогаш кога сечете, користете штитник за сечило
u
на пила и нож за раздвојување. При целосно
сечење, кога сечилото сече преку целата дебелина на
делот што се обработува, штитникот и другите
безбедносни уреди помагаат во намалување на
ризикот од повреда.
Веднаш повторно вратете го системот за заштита
u
по завршување на активноста (како на пример
рендање) за коешто е потребно да се отстрани
штитникот и/или ножот за раздвојување. Штитникот
и ножот за раздвојување помагаат во намалување на
ризикот од повреда.
Осигурајте се дека сечилото не е во допир со
u
штитникот, ножот за раздвојување или делот што
се обработува пред да го вклучите прекинувачот.
Ненамерниот контакт на овие предмети и сечилото
може да создаде опасни состојби.
Македонски | 321
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional