Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 328

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
328 | Македонски
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика f)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (41) на паралелниот
граничник (5).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (5).
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Дополнителен паралелен граничник" (42) (2 завртки за
прицврстување, 2 подлошки, 2 пеперутка-навртки).
– Вметнете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник (5).
– Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен граничник
(41) над главите на завртките за прицврстување.
– Поставете ги подлошките на завртките за
прицврстување и затегнете ги завртките со помош на
пеперутка-навртките.
Монтирање на аголен граничник (види слика g)
– Ставете ја шината (43) на аголниот граничник (2) во
соодветните жлебови на водилката (28) на масата за
сечење.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика h)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (8).
Монтажа на работна маса на Bosch (види слика i)
Работните маси на Bosch (на пр. GTA 560) на
електричниот алат му нудат стабилност на секоја подлога
со помош на ногарките што се подесливи во висина.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
За да ја избегнете опасноста од пожар при сечење
u
на алуминиум, испразнете го долниот поклопец за
сечилото за пила и не користете всисувач на
струготини.
Чистење на долниот поклопец на сечилото за пилата
(види слика j)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на сечилото за пила (44).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Отворете ја подната решетка (31) (види слика a).
– Полека извлечете ги јазичињата (45) на поклопецот на
сечилото за пила и отворете го долниот поклопец на
сечилото за пилата (44).
– Отстранете ги искршените делови од делот што се
обработува и струготините.
– Затворете го повтроно долниот поклопец на сечило за
пила (44), сѐ додека јазичињата (45) не се вклопат.
– Затворете ја подната решетка (31).
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Надворешно всисување (види слика k)
– Цревото за всисување прикачете го цврсто во
соодветниот адаптер за всисување (29).
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional