Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 323

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Никогаш не пристапувајте преку или зад сечилото
u
за да го повлечете или поддржите делот што се
обработува. Може да дојде до случаен контакт со
сечилото или одбивањето може да ги повлече вашите
прсти во сечилото.
Никогаш не го држете или притискајте делот што се
u
сече на сечило кое ротира. Притискањето на делот
што се сече на сечилото ќе предизвика услови за
виткање и одбивање.
Израмнете го граничникот со сечилото. Ако
u
граничникот не е израмнет, делот што се обработува
ќе се заглави на сечилото и ќе се одбие.
Користете плоча со засеци за насочување на делот
u
што се обработува на работната површина, и
граничник кога правите кратки засеци, како на пр.
за жлебови. Плочата со засеци помага за контрола на
делот што се обработува во случај на одбивање.
Потпрете ги големите делови што се обработуваат
u
за да го намалите ризикот од приклештување или
одбивање на сечилото. Големите делови што ги
обработувате се искривуваат под својата тежина.
Држачот(е) мора да бидат поставени под деловите на
панел плочата кои се издадени надвор од работната
површина.
Обрнете дополнително внимание при сечење на
u
делот што се обработува ако е извиткан, има
чворови, ако е деформиран или нема прави рабови
за насочување со паралелен граничник или покрај
граничникот. Дел што се обработува со чворови, кој е
деформиран или извиткан не е стабилен и
предизвикува нерамномерност на засекот со
сечилото, виткање или одбивање.
Никогаш не сечете повеќе парчиња за
u
обработување, вертикално или хоризонтално
поставени. Сечилото на пилата може да собере едно
или повеќе парчиња и да предизвика одбивање.
При повторно стартување на пилата чиешто сечило
u
се наоѓа во делот што се обработува, центрирајте го
сечилото во засекот, така да запците на сечилото не
се навлезени во материјалот. Доколку сечилото се
витка, може да отскокне од делот што се обработува и
да предизвика одбивање кога се рестартира пилата.
Сечилата одржувајте ги чисти, остри и во добра
u
состојба. Никогаш не користете искривени сечила,
или сечила со пукнати или скршени запци. Остри и
правилно поставени сечила го намалуваат виткањето,
откажувањето или одбивањето.
Предупредувања во врска со работата на столната
пила
Исклучете ја столната пила и извадете го кабелот
u
од струја при вадење на влошката од работната
површина, промена на сечилото или, при
прилагодување на ножот за раздвојување или
граничникот на сечилото и кога машината е
оставена без придружба. Со мерките на
претпазливост ќе се избегнат несреќи.
Bosch Power Tools
Никогаш не ја оставајте столната пила да работи
u
без придружба. Исклучете го и не го оставајте
алатот додека целосно не прекине со работа. Пила
која работи без придружба е неконтролирана
опасност.
Столната пила поставете ја на добро осветлено
u
место и нивелирана површина, каде може добро и
рамномерно да се постави. Треба да се инсталира
на место, со доволно простор за лесна обработка на
делот што се обработува. Ограничен темен простор и
ненивелирани лизгави подови предизвикуваат
несреќи.
Често чистете и отстранувајте ги струготините под
u
работната површина, и/или од садот за собирање
прав. Насобраните струготини се запаливи и може да
се запалат самите.
Столната пила мора да биде обезбедена. Недоволно
u
обезбедена столна пила може да се придвижи и
преврти.
Отстранете ги алатите, дрвените отпадоци и др. од
u
работната површина пред вклучување на столната
пила. Одвлекување на вниманието или потенцијална
гужва може да бидат опасни.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Никогаш не користете оштетени или неправилни
u
средства за монтирање на сечилото, како на пр.
прирабници, дихтунзи, гвинтови или завртки. Овие
средства за монтирање се специјално дизајнирани за
вашата пила, за безбедно и оптимално работење.
Никогаш не застанувајте на столната пила, не ја
u
користете за качување. Може да настане сериозна
повреда доколку го допрете или случајно стапите во
контакт со алатот за сечење.
Проверете дали сечилото е инсталирано за да
u
ротира во правилна насока. Не користете брусни
дискови, жичени четки или абразивни дискови на
столната пила. Неправилно инсталирање на сечилото
или користење на дополнителна опрема што не се
препорачува може да предизвика сериозна повреда.
Дополнителни безбедносни напомени
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Никогаш не го користете електричниот алат без дел
u
за вметнување. Променете го дефектниот дел за
вметнување. Без соодветен дел за вметнување може
да се повредите на сечилото за пила.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Македонски | 323
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional