Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 329

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слики l1−l4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете
прегревање на запците на сечилото и топење на
материјалот што се обработува.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
– Отворете го затезниот лост (37) и извадете го
заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за
разделување (4).
– Свртете ја завртката за блокирање (36) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и подигнете го додатокот на
масата (23) од отворот за алатот. За полесно да го
подигнете служи дупката од решетката (46).
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото на пила
(24) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Завртете ја затезната навртка (47) со прстенестиот
клуч (9) и истовремено затегнете го лостот за блокада
на вретеното (48) додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (49).
– Извадете го сечилото за пила (24).
Монтирање на сечилото за пила
– Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете ново сечило за пила на приклучната
прирабница (50) на вретеното на алатот (51).
Bosch Power Tools
Напомена: Не користете премали сечила за пила.
Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за
расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото на
пилата) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
клинот за разделување!
– Поставете ги стезната прирабница (49) и затезната
навртка (47).
– Завртете ја затезната навртка (47) со прстенестиот
клуч (9) и истовремено затегнете го лостот за блокада
на вретеното (48) додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот.
– Поставете го додатокот за маса (23) над клинот за
расцепување (4) во отворот за алатот. Свртете ги
завртките за блокирање (36) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено".
– Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (3).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортна и работна позиција на сечилото
за пила
Транспортна позиција
– Отстранете го заштитниот поклопец (3) и додатокот за
маса (23) и позиционирајте го клинот за разделување
(4) во најдолната позиција. Повторно ставете го
додатокот за маса (23).
– Свртете ја курблата (15) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците на сечилото
за пила (24) не се најдат под масата за сечење (21).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (6)
целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (13) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Работна позиција
– Позиционирајте го клинот за разделување (4) во
најгорната позиција точно над средината на сечилото
за пила, вметнете го додатокот за маса (23) и
монтирајте го заштитниот поклопец (3).
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на сечилото за пила (24)
не се најдат над делот за обработување околу
3 − 6 mm.
Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Македонски | 329
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional