Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GRL Professional 500 H Originalbetriebsanleitung Seite 442

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
442 | Македонски
Поставките на точност при мерење или сигнален тон може
индивидуално да се подесат за секој ласерски приемник.
Доколку ласерскиот приемник се исклучи со функцијата
на далечински управувач, се исклучува и мерниот уред.
Дополнителните ласерски приемници се исклучуваат
засебно.
Доколку се прекине радио-врската,
дополнително кон сигналниот тон трепка
приказот Радио-врска 33.
Со тоа се сигнализира дека приказите за
предупредување (на пр. кражба, анти-лизгачки
систем, калибрација) нема да се прикажат и
мерниот уред нема повеќе да се управува
далечински.
Напомена: Режимот на мирување на мерниот уред може
да се деактивира само со притискање на копчето Режим
на мирување 21 на ласерскиот приемник со функцијата за
далечинско управување.
Подесување на сигналниот тон/гласноста
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием 26 се
прикажува со сигнален тон.
Може да бирате помеѓу две јачини на гласност или да го
исклучите сигналниот тон.
Стандардната поставка при испораката е
[нормален сигнален тон].
– Притискајте на копчето Сигнален
тон/гласност 24, додека не се појави саканата
поставка.
нема приказ: сигналниот тон е исклучен
нормален сигнален тон
гласен сигнален тон
Поставката за сигнален тон/гласност ќе се зачува при
исклучувањето.
Изберете ја поставката на приказот за средишна
линија
Може да одредите со колкава точност ќе се прикаже
позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле како „во
средина".
Стандардната поставка при испораката е
[Точност при мерење„средна/3 mm"].
– Притискајте на копчето Поставување
на точноста при мерење 23, додека
не се појави саканата поставка.
Пример
На екранот ќе се прикаже степенот на
точност при мерење
„фино"/„средно"/„грубо" и точната
вредност.
Поставката на точноста при мерење ќе се зачува при
исклучувањето.
2 610 031 676 | (15.7.14)
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во
приемното поле 26:
– на екранот 15 на предната и задната страна на
ласерскиот приемник со приказот на правец „Ласерски
зрак над средишната линија" 39, приказот на правец
„Ласерски зрак под средишната линија" 40 одн.
приказот за средишна линија43,
– опционално со сигнален тон.
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ горната половина на
полето за прием 26, тогаш свети приказот на правец
„Ласерски зрак над средишната линија" 39 и плус-
вредноста на приказот на релативната висина 32
наведува колку нагоре треба да се придвижи ласерскиот
приемник.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
бавен такт.
– Движете го ласерскиот приемник во правец на
стрелката нагоре. Со доближување кон средишната
ознака 16 ќе се прикаже само врвот на приказот за
правец 39.
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ долната половина на
полето за прием 26, тогаш свети приказот за правец
„Ласерски зрак под средишната линија" 40 и минус-
вредноста на приказот на релативната висина 32
наведува колку надолу треба да се придвижи ласерскиот
приемник.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
забрзан такт.
– Движете го ласерскиот приемник во правец на
стрелката надолу. Со доближување кон средишната
ознака 16 ќе се прикаже само врвот на приказот за
правец 40.
Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ полето за прием 26 на
висина на средишната ознака 16, светнува приказот за
средишна линија 43. При вклучен сигнален тон се слуша
непрекинат тон.
Доколку мерниот уред се движи на тој начин што
ласерскиот зрак повторно излегува надвор од приемното
поле 26, 5 с. трепка приказот на правец 39 одн. 40.
Заштитна функција Strobe-Shield
Ласерскиот приемник има електронски филтер за
стробоскопски светла. Филтерот ги спречува напр.
пречките од светлата за предупредување од градежни
машини.
Означување
На средишната ознака 16 на левата и десната страна на
ласерскиот приемник може да ја означите висината на
ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на
приемното поле 26.
При обележувањето мерниот уред мора да биде прецизно
израмнет вертикално (при хоризонтален ласерски зрак)
одн. израмнет хоризонтално (при вертикален ласерски
зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на
ласерскиот зрак.
TM
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Grl professional 500 hvLr 50 professional

Inhaltsverzeichnis