Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GRL Professional 500 H Originalbetriebsanleitung Seite 441

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Линиски режим (Line Control) во вертикала
(GRL 500 HV)
Во вертикалниот режим на мерниот уред може да ја
позиционирате ротационата рамнина околу Y-оската за
едноставно подредување во рамна линија или паралелно
израмнување.
– За вртење на ротационата рамнина во правец
на стрелките на часовникот притиснете на
копчето за косина 18, за вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот
притиснете на копчето за косина 20.
Позиционирањето е возможно во рамки на ±10 %.
Брзината, со којашто се движи ротационата глава,
започнува бавно и континуирано се зголемува.
Режим на централна линија при линиски режим (Line
Control) (види слика E)
Во режимот на централна линија мерниот уред се обидува
автоматски да ја пронајде средишната линија со движење
на ротационата глава лево/десно.
– Притиснете го копчето Режим на централна
линија 19 околу 2 с.
Автоматското движење лево/десно на
ротационата глава стартува.
Процес на пребарување:
1. Ротационата глава се навалува до крај на десната
страна.
2. Ласерскиот зрак ќе се вклучи.
3. Ротационата глава се врти на левата страна.
4a. Ласерскиот зрак доаѓа во контакт со приемното поле
26 и ја наоѓа средишната линија.
или
4b. До крајот на полето на вртење ласерскиот зрак не
наоѓа поле за прием; автоматското нивелирање стартува
(види „Автоматско нивелирање за време на работата",
страна 439).
За време на барањето на средишната
линија трепка приказот за
предупредување за нивелирањето 37 .
Приказите за режим на централна
линија 42 континуирано светат.
Штом ласерскиот зрак ќе дојде во
контакт со приемното поле 26, до
пронаоѓањето на средишната линија се
слуша цивкање.
Брзината со којашто се движи ротационата глава ќе запре
штом ласерскиот зрак дојде во контакт со приемното поле
26.
По пронаоѓањето на средишната линија мерниот уред
автоматски го исклучува режимот на централна линија.
– За прекин на режимот на централна линија за
време на пребарувањето притиснете на
копчето Режим на централна линија 19.
или
Bosch Power Tools
– Истовремено притиснете ги копчињата за
косина 18 и 20 за активирање на
автоматското нивелирање.
Забрзување на пронаоѓањето на средишната линија
Пребарувањето на средишната линија секогаш започнува
со движење на ротационата глава в десно. Доколку е
позната положбата на ласерскиот приемник лево од
средишната линија и доколку ласерскиот зрак сè уште не
се наоѓа во приемното поле, ласерскиот зрак може да се
изврти.
– Притиснете го копчето Режим на централна
линија 19 околу 2 с.
Ротационата глава автоматски се врти на
десната страна.
– Притиснете го копчето за косина 18.
Ротационата глава се движи на левата страна.
Приказ на релативната висина (види слика F)
Растојанието помеѓу ротационата
рамнина и средишната линија ќе се
прикаже на екранот како апсолутна
вредност (во [mm] или [inch]).
Види и „Подесување на приказот на
единиците", страна 445.
Работење со ласерски приемник
При мерење во надворешен простор и на големи
растојанија во внатрешен простор користете го
ласерскиот приемник за пронаоѓање на ласерскиот зрак.
– Поставете го ласерскиот приемник на тој начин што
ласерскиот зрак ќе достигне до приемното поле 26.
Радио-врска помеѓу мерниот уред и далечинскиот
управувач/ласерските приемници
Доколку се воспостави безжична врска помеѓу мерниот
уред и ласерскиот приемник, ласерскиот приемник
делува како далечински управувач.
Ласерските приемници коишто дополнително се користат
се обични ласерски приемници.
– Исклучете го мерниот уред и ласерскиот приемник.
– Ставете го ласерскиот приемник во станицата за
полнење/чување 6.
– Притиснете на копчето за вклучување-
исклучување 17.
– Приказот Радио-врска 33 ќе се појави и ја
означува функцијата на далечинско
управување на ласерскиот приемник.
Македонски | 441
2 610 031 676 | (15.7.14)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Grl professional 500 hvLr 50 professional

Inhaltsverzeichnis