Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GRL Professional 500 H Originalbetriebsanleitung Seite 437

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Вклучување/исклучување
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Напомена: Пред да го употребите мерниот уред треба
секогаш да извршите проверка на точноста (види
„Проверка на точност на мерниот уред", страна 443).
Ставање во употреба
Напомена: При испораката мерниот уред и ласерскиот
приемник се спарени (= ласерскиот приемник може да
извршува функции на далечински управувач).
За да се заштеди енергија, вклучувајте ги мерниот уред и
ласерскиот приемник само доколку ги користите.
Вклучување
– За да го вклучите мерниот уред, ставете го
ласерскиот приемник во станицата за
полнење/чување 6 и на крај притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 17.
или
– Ставете го ласерскиот приемник во станицата
за полнење/чување 6 и повторно извадете го.
Потоа, за да го вклучите мерниот уред, во рок
од 30 мин. мора да го притиснете копчето за
вклучување-исклучување 17.
Резултат
– Сите прикази на екранот кратко светнуваат.
– Започнува автоматското нивелирање (види
„Автоматика за нивелирање", страна 439).
– Анти-лизгачкиот систем ќе се активира 30 с по
автоматското нивелирање (види „Анти-лизгачки систем
(ADS)", страна 440).
Потоа мерниот уред испраќа ласерски зрак 7 (GRL 500 H)
или ласерски зрак 7 и зрак на вертикалата 1 (GRL 500 HV).
Исклучување
– Притискајте го копчето за вклучување-
исклучување 17 2 с.
Резултат
– Ротацијата сопира, ласерскиот зрак е исклучен.
– Сите прикази на екранот и осветлувањето ќе се
исклучат.
Напомена: Доколку се исклучат ласерскиот приемник и
ротацискиот ласер, за да се вклучи ласерскиот приемник,
мора повторно да се стави во станицата за
полнење/чување 6.
Режим на мирување
Со помош на ласерскиот приемник, мерниот уред може да
се помести за макс. 2 часа во режим на мирување.
– За вклучување на режимот на мирување
притиснете на копчето за режим на мирување
21.
Bosch Power Tools
Во режимот на мирување на ласерскиот
приемник свети приказот за режим на
мирување 44 и при активиран аларм против
кражба дополнително свети приказот за
алармниот систем за заштита од кражба 36.
При активиран алармен систем за заштита од
кражба на мерниот уред трепка LED-сијаличката
на алармот против кражба 4.
Сите други прикази и ласерскиот зрак се
исклучени. Анти-лизгачкиот систем, останува
активиран.
– За прекин на режимот на мирување одново
притиснете го копчето за режим во мирување
21.
Режимот на мирување автоматски ќе се вклучи, доколку
ласерскиот зрак не помине низ полето за прием 26
подолго од 30 мин. или копчињата на ласерскиот
приемник не се притиснат подолго од 30 мин.
Напомена: Доколку ласерскиот приемник и ротацискиот
ласер се во режим на мирување подолго од 2 ч., двата ќе
се исклучат автоматски. За да го вклучите ласерскиот
приемник мора повторно да го ставите во станицата за
полнење/чување 6.
Автоматско исклучување
Мерниот уред и ласерскиот приемник автоматски се
исклучуваат при одредени услови (резултат види
„Исклучување", страна 437):
– Мерниот уред повеќе од 2 ч. не прима контролни
наредби.
– Копчињата на ласерскиот приемник не се притиснати
повеќе од 2 часа.
– Мерниот уред се наоѓа подолго од 2 часа надвор од
полето на самонивелирање.
– При активиран режим на мирување мерниот уред не е
притиснат во рок од 2 часа.
– Анти-лизгачкиот систем е активиран подолго од 2 часа.
– Мерниот уред се наоѓа надвор од границите на работна
температура.
Пред автоматски да се исклучат мерниот уред и
ласерскиот приемник, освен сигналниот тон,
трепка предупредувањето за температурата 34
околу 5 с.
По автоматското исклучување:
– Почекајте додека мерниот уред и ласерскиот приемник
не се најдат повторно во границите на работна
температура.
– Доколку е потребно, одново позиционирајте го
мерниот уред и повторно вклучете го.
RTC (Real Time Clock)-батерија
Доколку по вклучувањето приказот за
интервали на калибрација 35 трепка околу 10 с,
RTC-батеријата е слаба. Интервалот за
калибрација не се контролира повеќе.
– Контактирајте ја овластената сервисна
служба на Bosch.
Македонски | 437
2 610 031 676 | (15.7.14)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Grl professional 500 hvLr 50 professional

Inhaltsverzeichnis