Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GRL Professional 500 H Originalbetriebsanleitung Seite 440

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
440 | Македонски
Режим на централна линија (види слика D)
Во режимот на централна линија мерниот уред се обидува
автоматски да ја пронајде средишната линија со движење
на ротационата глава нагоре-надолу.
– Притиснете го копчето Режим на централна
линија 19 околу 2 с.
Стартува автоматското движење нагоре-
надолу на ротационата глава.
Процес на пребарување:
1. Ротационата глава се навалува до крај нагоре.
2. Ласерскиот зрак ќе се вклучи.
3. Ротационата глава се врти надолу.
4a. Ласерскиот зрак доаѓа во контакт со приемното поле
26 и ја наоѓа средишната линија.
или
4b. До крајот на полето на вртење ласерскиот зрак не
наоѓа поле за прием; автоматското нивелирање стартува
(види „Автоматско нивелирање за време на работата",
страна 439).
За време на барањето на средишната
линија трепка приказот за
предупредување за нивелирањето 37 .
Приказите за режим на централна
линија 42 континуирано светат.
Штом ласерскиот зрак ќе дојде во
контакт со приемното поле 26, до
пронаоѓањето на средишната линија се
слуша цивкање.
Брзината со којашто се движи ротационата глава ќе запре
штом ласерскиот зрак дојде во контакт со приемното поле
26.
По пронаоѓањето на средишната линија мерниот уред
автоматски го исклучува режимот на централна линија.
Поставената косина ќе се зачува и ќе се прикаже на
екранот.
– За прекин на режимот на централна линија за
време на пребарувањето притиснете на
копчето Режим на централна линија 19.
или
– Истовремено притиснете ги копчињата за
косина 18 и 20 за активирање на
автоматското нивелирање.
2 610 031 676 | (15.7.14)
Забрзување на пронаоѓањето на средишната линија
Пребарувањето на средишната линија секогаш започнува
со движење на ротационата глава нагоре. Доколку е
позната положбата на ласерскиот приемник над
средишната линија и доколку ласерскиот зрак сè уште не
се наоѓа во приемното поле, ласерскиот зрак може да се
изврти.
– Притиснете го копчето Режим на централна
линија 19 околу 2 с.
Стартува автоматското движење нагоре-
надолу на ротационата глава.
– Притиснете го копчето за косина 20.
Ротационата глава се движи надолу.
Анти-лизгачки систем (ADS)
Мерниот уред има анти-лизгачки систем, кој при промени
на положбата одн. потреси на мерниот удар или при
вибрации на подлогата го спречува нивелирањето на
променетата висина, а со тоа и грешките во висина.
Околу 30 с. по вклучувањето на мерниот уред се
активира анти-лизгачкиот систем.
За време на активирањето полека трепка
приказот за предупредувањето за удар 38. По
активирањето приказот континуирано свети.
Доколку се промени вертикалната положба или се
регистрира јак потрес, тогаш се активира анти-лизгачкиот
систем: Ротацијата на ласерот запира и приказот за
предупредување за удар 38 трепка. 5 с. се слуша цивкање
од ласерскиот приемник.
– При активиран анти-лизгачки систем
притиснете кратко на копчето за вклучување-
исклучување 17.
Автоматското нивелирање стартува (види
„Автоматско нивелирање за време на
работата", страна 439).
– Сега проверете ја висината на ласерскиот зрак на
референтна точка и соодветно коригирајте ја висината
на мерниот уред.
Деактивирање на анти-лизгачкиот систем
Анти-лизгачкиот систем може да се деактивира за време
на работата на мерниот уред.
– Притиснете на копчето за вклучување-
исклучување 17.
Анти-лизгачкиот систем е деактивиран.
Приказот за предупредување за удар 38 не се
прикажува повеќе.
Поставката не се зачувува при исклучувањето. Мерниот
уред секогаш стартува со активиран анти-лизгачки
систем.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Grl professional 500 hvLr 50 professional

Inhaltsverzeichnis