Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 0 607 557 501 Originalbetriebsanleitung Seite 157

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 5
OBJ_BUCH-2092-001.book Page 157 Monday, January 20, 2014 2:15 PM
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
 Никогаш не го користете длетото како рачен алат.
Длетата се алати третирани со топлина и би можеле да
се скршат.
 Користете само остри длета. Тапите алати за
вметнување може да предизвикаат јаки осцилации и да
се скршат заради истрошеност.
 Никогаш не ги ладете жешките делови од опремата
во вода. Ова може да доведе до кршливост и
предвремено откажување.
 Никогаш не го користете длетото како лост. Би
можело да се скрши.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Избегнувајте контакт со кабли под напон.
Пневматскиот алат не е изолиран, и контактот со кабел
под напон може да доведе до електричен удар.
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
олово во боите и лаковите што содржат олово;
кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
 При обработката на парчето материјал може да
настане дополнителна бучава, што може да се
избегне со соодветни мерки, како на пример
користење на изолациони материјали, доколку се
појавуваат звуци на ѕвонење на делот што се
обработува.
 Користете го пневматскиот алат, така што ќе
создава што е можно помалку прав, на пр. со
навлажнување на материјалот што го обработувате.
 Доколку пневматскиот алат има придушувач, треба
постојано да контролирате, дали при користењето
на пневматскиот алат истиот е на место и дали се
наоѓа во добра работна состојба.
Bosch Power Tools
 Влијанието на вибрациите може да предизвика
оштетувања на нервите, пречки во крвната
циркулација во дланките и рацете.
 Носете припиени ракавици. Дршките од
пневматските алати стануваат ладни поради струењето
на компресиран воздух. Топлите дланки се помалку
чувствителни на вибрациите. Широките ракавици може
да се зафатат од ротирачките делови.
 Доколку утврдите дека кожата на вашите прсти или
дланки е тврда, ве чеша, боли или се обоила во бело,
запрете ја работата со пневматскиот уред,
известете го вашиот работодавец и консултирајте
лекар.
 Не го држете алатот за вметнување за време на
работењето.
 Пневматскиот уред држете го со сигурен фат, по
однос на реакциските сили на дланката. Вибрациите
може да се зајакнат, доколку поцврсто го држите
уредот.
 Доколку се користат универзални ротирачки спојки
(канџести спојки), мора да се вметнат и клинови за
заклучување. Користете Whipcheck-осигурувач за
црево, за да имате заштита во случај на дефект на
поврзувањето на цревото со пневматскиот алат или
меѓусебно спојување на цревата.
 Не го носете пневматскиот алат држејќи го за
цревото.
 Доколку се блокира пневматскиот алат, исклучете
го електричниот апарат. Бидете претпазливи со
високите реакциски моменти, што може да
предизвикаат повратен удар. Алатот за вметнување
се блокира, доколку:
– се преоптерети пневматскиот алат,
– е накривен во однос на парчето што се обработува
или
– излегува низ делот што се обработува со врвот.
 Користете помошни средства за прифат на
реакциските моменти како на пр. уред за потпора.
Доколку ова не е возможно, употребете
дополнителна дршка.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на
ротирачкиот алат што се вметнува. Може да се
повредите.
 Не ја оставајте дупчалката да тропа на делот што се
обработува. Ова може да доведе до значително
зајакнување на вибрациите.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот пневматски алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
пневматскиот алат.
Македонски | 157
3 609 929 C74 | (20.1.14)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis