Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Заштита На Животната Средина; Запознајте Ја Машината - Stiga MJ 66 Gebrauchsanweisung

Aufsitzmäher (rasenmäher mit fahrersitz mit sitzendem benutzer)
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MJ 66:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 112
ната или да се остави без надзор.
13) Чувајте ја машината на место до кое што 
не допираат децата.
14) Никогаш не чувајте ја машината со полн 
резервоар во просторија каде испарувањата 
може да допрат до отворен пламен, искра 
или до извор на топлина.
15) Оставете моторот да се излади пред да 
се остави машината во која било средина.
16) За намалување на ризикот од 
запалување, чувајте ги моторот, придушува-
чот, акумулаторот и самото место на чување 
на бензинот исчистени од остатоци од 
трева, листови и прекумерно масло. Изва-
дете ја вреќата за собирање и не оставајте 
остатоци од покосена трева во затворен 
објект. 
17) За да го намалите ризикот од пожар, 
редовно проверувајте дали има пролеано 
масло и/или гориво. 
18) Ако резервоарот треба да се испразни, 
истото треба да се прави на отворено и кога 
моторот е изладен.
19) Никогаш не оставајте ги клучевите 
вметнати или на дофат на деца или на лица 
коишто не се соодветни за употреба. Секо-
гаш извадете го клучот пред да започнете со 
каква било интервенција за одржување.
E) ТРАНСПОРТ
1) ВНИМАНИЕ! - Ако машината треба да се 
транспортира на камион или во приколка, 
употребете пречки за отпор, по должина и 
ширина. Носете ја машината со изгаснат мо-
тор без можност да се вклучи, ангажирајќи 
соодветен број лица. Во текот на транспор-
тот, затворете го доводот за бензин (ако е 
предвидено), спуштете ја плочата со уредот 
за косење, вметнете ја кочницата за непод-
вижност и обезбедете ја соодветно маши-
ната во текот на транспортот со јажиња и 
синџири.
F) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1) Заштитата на животната средина треба 
да се извршува релевантно и приоритетно 
при употреба на машината во корист на 
граѓанските погодности и на просторот во 
кој живееме. Избегнувајте појава на еле-
менти што го нарушуваат непосредното 
опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони 
за фрлање на амбалажата, маслата, бен-
зинот, акумулаторот, филтрите, делови во 
распаѓање или какви било елементи со 
штетно влијание врз животната средина. 
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во 
ѓубре туку треба да се селектираат и одне-
сат во соодветни собирни центри кои реци-
клираат материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за 
фрлање на материјалите кои ќе се резултат 
на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте 
ја машината каде било во природата, туку 
предајте ја во собирен центар во согласност 
со важечките локални закони.
2. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
2.1 ОПИС НА МАШИНАТА
И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска 
опрема и конкретно тревокосачка со седнат 
возач.
Машината се состои од мотор којшто вклу-
чува уред за косење, поставен во картер, 
како и група за пренос којашто обезбедува 
движење на машината.
Операторот е во позиција да управува со ма-
шината и да ги вклучува главните команди 
во седечка состојва на седиштето за упра-
вувачот. 
Уредите поставени на машината предвиду-
ваат застанување на машината и на уредот 
за косење по неколку секунди кога дјствата 
на операторот не се усогласени со предви-
дените безбедносни услови.
Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана и произведен 
за косење трева.
Употребата на одредена дополнителна 
опрема којашто ја предвидел производите-
лот како оригинална опрема и делови што 
се набавуваат засебно, дозволуваат да ја 
завршите оваа работа на различни работни 
начини, претставени во ова упатство и во 
упатството што се доставува со дадената 
дополнителна опрема.
Исто така, можноста да примените дополни-
телна опрема (ако така предвидел произво-
дителот) може да ја прошират предвидената 
употреба на другите функции согласно по-
сочените ограничувања и услови коишто ја 
придружуваат оваа дополнителна опрема.
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат 
корисници, т.е. оператори коишто не се про-
фесионалци. Оваа машина е наменета за 
„домашна употреба".
MK - 5

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis