Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTS 10 XC Professional Originalbetriebsanleitung Seite 376

Tischkreissägen
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTS 10 XC Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
376 | Македонски
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете ново сечило за пила на приклучната
прирабница (62) на вретеното на алатот (63).
Напомена: Не користете премали сечила за пила.
Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за
расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
клинот за разделување!
– Поставете ги стезната прирабница (61) и затезната
навртка (59).
– Завртете ја затезната навртка (59) со прстенестиот
клуч (15) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното (60) додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно ставете го додатокот за маса (32).
– Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (6).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортна и работна позиција на сечилото
за пила
Транспортна позиција
– Отстранете го заштитниот поклопец (6) и додатокот за
маса (32) и позиционирајте го клинот за разделување
(7) во најдолната позиција. Повторно ставете го
додатокот за маса (32).
– Свртете ја курблата (20) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците на сечилото
за пила (33) не се најдат под масата за сечење (17).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (11)
целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (18) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Работна позиција
– Позиционирајте го клинот за разделување (7) во
најгорната позиција точно над средината на сечилото
за пила, вметнете го додатокот за маса (32) и
монтирајте го заштитниот поклопец (6).
– Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на сечилото за пила (33)
не се најдат над делот за обработување околу
3 − 6 mm.
1 609 92A 4PX | (20.03.2019)
Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување за масата за сечење (види слика A)
Проширување за масата за сечење (11) ја проширува
масата за сечење (17) кон десно.
– Повлечете ја затезната дршка (18) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за
сечење (11) до саканата должина.
– Притиснете ја затезната дршка (18) надолу. Со тоа се
фиксира проширувањето на масата за сечење.
Продолжеток на масата за сечење (види слика B)
Продолжетокот на масата за сечење (10) ја продолжува
масата за сечење (17) наназад.
– Олабавете ја завртката за блокирање (38) на левата
водечка прачка.
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (10) до саканата должина.
– За фиксирање на позицијата затегнете ја завртката за
блокирање (38).
Доколку е потребно, ставете потпора за продолжетокот
за масата за сечење кај тешките делови за обработка.
Подвижни лизгачи (види слика C)
Со помош на подвижните лизгачи (2) може да се сечат
парчиња до максимална ширина од 350 mm.
Истовремено се постигнува поголема прецизност при
сечењето со користењето на аголен граничник (3) (види
„Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош
на подвижните лизгачи", Страница 379).
– Повлечете ја затезната дршка (29) за подвижните
лизгачи целосно нагоре.
Подвижниот лизгач може да се помести до крај како
нанапред така и наназад.
Подесување на вертикалниот и
хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
Поставување на вертикален агол на закосување
(сечило за пила) (види слика D)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од -1° до 47°.
– Олабавете го лостот за блокада (26) во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за
блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од
околу 30° под влијание на гравитацијата.
– Повлечете го или притиснете го рачното тркало (19)
по должина на кулисата, додека агломерот (64) не го
покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (26).
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis