Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EXACT 4 Originalbetriebsanleitung Seite 200

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EXACT 4:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-529-002.book Page 200 Monday, December 9, 2013 1:37 PM
200 | Македонски
 Не употребувајте сила при ставање/вадење на
батеријата. Батерии со APT-контакт за приклучување
(Батерии Пакување Top) се конструирани на тој начин,
што може да се стават само во правилна позиција во
електричниот апарат или полнач.
За да извадите батеријата 5, притиснете на двете страни на
копчињата за отклучување 4 и извлечете ја батеријата
надолу од дршката.
Ставање и вадење на струјниот адаптер (види слика D)
Тип
0 602 490 431/... 433/... 435/... 437/
... 439/... 441/... 443/... 471/
... 447/... 469
Одберете го соодветниот струен адаптер за номинален
напон на вашиот електричен апарат.
Струјниот адаптер се разликува во зависност од напонот
според бојата на куќиштето на D-Sub-приклучокот 16.
Куќиштето на D-Sub-приклучокот за 9,6-V-напон е во
светло сина боја и за 12-V-напон во црвена боја.
 Куќиштето на адаптерот 18 смее да се монтира или
демонтира само доколку регулаторот на напон е
исклучен или во приклучок 16 изваден од
регулаторот на напон во индустриските батериски
одвртувачи.
Притиснете го прекинувачот за правец на вртење 3 во
средна позиција. Ова го фиксира прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 во позиција „Исклучено", со
што се спречува невнимателното вклучување на
електричниот апарат. Вметнете го куќиштето за адаптерот
18 во дршката на електричниот апарат. Внимавајте на тоа,
куќиштето за адаптерот да го ставите во правилна
позиција, и копчињата за отклучување 4 да се притиснат
на дршката на електричниот уред.
На крај, приклучете го приклучокот 16 од соодветниот
струен адаптер за вашиот електричен уред во
приклучниот конектор 15. Зашрафете го цврсто
приклучокот 16 во приклучниот конектор 15, а двата
шрафа 17 затегнете ги цврсто со рака.
За да го извадите струјниот адаптер, одвртете ги двата
шрафа 17 од приклучокот 16 на исклучениот регулатор на
напон и извлечете го приклучокот од приклучниот
конектор 15. На крај, притиснете на двете страни на
копчињата за отклучување 4 и извлечете го куќиштето на
адаптерот 18 од дршката на електричниот апарат.
Тип
0 602 492 431/... 433/... 435/... 439/
... 441/... 443/... 445
Овој индустриски батериски одвртувач не може да се
користи со регулатор на напон.
Замена на алатот кај шраф со брзозатегачката
глава (види слика E)
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
3 609 929 C61 | (9.12.13)
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја брзо променливата глава 19 нанапред.
Ставете во алатот за вметнување 9 во прифатот за алат 8 и
повторно олабавете ја брзо променливата глава.
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголен).
Не се обидувајте да ја ставите дупчалката во оваа брзо
променливата глава. Индустриските батериски
одвртувачи со една исклучна спојка не се погодни за
дупчење. Спојката може автоматски и без
предупредување да се исклучи. Доколку продолжите да
дупчите по исклучување на спојката, електричниот апарат
може да се повлече од дршката, додека исклучната спојка
одново не се притисне.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја брзо променливата глава 19 нанапред.
Извадете го алатот за вметнување 9 од прифатот за алат 8,
и повторно олабавете ја брзо променливата глава.
Употреба
Носете заштитна опрема и секогаш
носете заштитни очила. Носењето на
заштитна опрема, како на пр.маска за прав,
обувки за заштита од лизгање, заштитен
шлем или заштита за слухот, во зависност од
видот и примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
Ставање во употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот апарат,
најпрво треба да го поставите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење 3: Електричниот
апарат ќе стартува, доколку прекинувачот за правец на
вртење 3 не стои во средината (блокада при вклучување).
Поставете го правецот на вртење (види слика F)
Тек на десно: За дупчење и зашрафување притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење 3 на лево
до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 3 на десно до крај.
 Прекинувачот за правец на вртење 3 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Вклучување на LED-работно светло (види слика G)
Работното светло 20 овозможува осветлување на местото
на одвртување при неповолни светлосни услови.
Работното светло го вклучувате 20 со лесно притискање
на прекинувачот за вклучување/исклучување 6. Доколку
го притиснете посилно прекинувачот за вклучување/
исклучување, ќе се вклучи електричниот апарат, а
работното светло и понатаму свети.
 Не гледајте директно во работното светло, може да
ве заслепи.
Bosch Power Tools

Werbung

loading