Заштитни уреди на машината
Заштитен капак
•
Заштитниот капак мора да биде инсталиран за да се спречи исфрлање на страни
тела или нечистотија кон корисникот. Тој исто така спречува конецот да биде
подолг отколку што е потребно.
Капак на придушувачот за звук
•
Капакот на придушувачот за звук спречува контакт на рацете, нозете и/или
запаливите материјали со жешкиот придушувач на звук.
Монтажа
Дополнителен држач (GB 1/38 BT)
Упатство: Внимавајте држачот да биде безбедно монтиран и истиот проверувајте го
редовно. Неуредно монтираните делови претставуваат опасност од повреди.
•
При монтажата на дополнителниот држач мора да се внимава тој да биде
монтиран на растојание од најмалку 250 mm од првиот држач.
•
Отшрафете ги шрафовите на држачот и монтирајте ја навртката на рачката.
Позиционирајте го држачот над рачката за заклучување како што е прикажано
на главната слика.
•
Повторно зашрафете го шрафот и уверете се дека тој е добро затегнат.
Држач за двете раце (GB 1/44-23 MS)
Упатство: Внимавајте држачот да биде безбедно монтиран и истиот проверувајте го
редовно. Неуредно монтираните делови претставуваат опасност од повреди.
•
Отшрафете ги шрафовите од подлогата за држачот и наместете го држачот на
подлогата како што е прикажано на главната слика.
•
Повторно зашрафете ги шрафовите и уверете се дека тие се добро затегнати.
Склопување на рачката (GB 1/38 BT)
•
Отшрафете го капакот од долната цевчеста рачка.
•
Притискајте ја рачката за заклучување (5) во примарниот отвор додека ја туркате
долната цевчеста рачка во спојката.
•
Зашрафете го шрафот за прицврстување (6) пред да го вклучите уредот.
1130223-1130224 BDA GB 1/38 BT - 1/44-23 MS.indd 164
164
13.09.12 15:49