Herunterladen Diese Seite drucken

Чување - Stihl Rma 248.3 Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RMA 248.3:
македонски
► Ако косилката за трева се носи со склопени
рачки:
► Склопете ја рачката,
► Едно лице нека ја држи косилката за
трева со двете раце за рачката за
транспорт (1), а друго лице нека ја фати
Рачката (3) со двете раце.
► Косилката за трева нека ја подигаат и
носат две лица.
Транспортирање на косилката за трева во
возило
► Прицврстете ја косилката за трева во
исправена положба, така што нема да се
врти и движи.
14.2
Транспортирање на
батеријата
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
ја батеријата.
► Осигурете се дека батеријата е во
безбедна состојба.
► Спакувајте ја батеријата така што не може
да се движи внатре во пакувањето.
► Наместете го пакувањето така што нема да
се поместува.
За батеријата важат прописите за транспорт
на опасни материи. Батеријата е
класифицирана како UN 3480 (литиум-јонски
батерии) и е тестирана во согласност со
Упатството за тестови и критериуми на ООН
Дел III, потдел 38.3.
Прописите за транспорт се наведени на
www.stihl.com/safety-data-sheets .
14.3
Транспортирање на уредот
за полнење
► Извлечете го приклучникот за струја од
штекерот.
► Извадете ја акумулаторската батерија.
► Намотајте го приклучниот кабел и
прицврстете го на уредот за полнење.
► Ако уредот за полнење се транспортира во
возило: Уредот за полнење обезбедете го
со ленти за затегање, ремени или со мрежа
така, што уредот за полнење нема да може
да се преврти или придвижи.
15 Чување
15.1
Складирање на косилката за
трева
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
го акумулаторот.
► Почекајте косилката за трева да се излади.
754
8.2.
► Испразнете ја корпата за искосената трева.
► Складирајте ја косилката за трева така што
ќе бидат исполнети следниве услови:
– Косилката за трева е вон дофат на деца.
– Косилката за трева е чиста и сува.
– Косилката за трева не може да се
преврти.
– Косилката за трева не може да се
стркала.
15.2
Позиција за складирање
При складирање, косилката за трева може да
се преклопи за да заземе помалку простор.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Откачете ја корпата за искосената трева.
► Поставете ја висината на сечење во
највисоката позиција.
► Склопете ја рачката.
► Држете ја косилката за трева со едната
рака за рачката (1), а со другата рака за
рачката за транспорт (2) и повлечете ја
наназад.
15.3
Складирање на акумулаторот
STIHL препорачува складирање на
акумулаторот со ниво на наполнетост помеѓу
40% и 60% (2 зелени LED-диоди).
► Складирајте го акумулаторот така што се
исполнети следните услови:
– Акумулаторот е вон дофат на деца.
– Акумулаторот е чист и сув.
– Акумулаторот е во затворена просторија.
– Акумулаторот е одвоен од косилката.
– Ако акумулаторот е складиран во
полначот: Исклучете го кабелот за
напојување и складирајте го
акумулаторот со ниво на полнење помеѓу
40% и 60% (запалени 2 зелени LED
диоди).
– Акумулаторот не се чува надвор од
наведените температурни граници,
20.6.
15 Чување
12.2
8.2
0478-131-9800-B
loading

Diese Anleitung auch für:

Rma 243.3Rma 253.3Wa200111410Wa210111420