македонски
► Ако светлечките диоди не светат или
трепкаат: Не користете ја акумулаторската
батерија и побарајте помош од
специјализиран продавач на STIHL.
Има пречка во акумулаторската батерија.
12 Работење со косилката
за трева
12.1
Држење и возење на
косилката за трева
► Држете ја рачката со двете раце така што
палците ја опфаќаат рачката.
12.2
Нагодување на висината на
косење
Може да се постават 7 висини на косење:
– 20 mm = позиција 1
– 30 mm = позиција 2
– 40 mm = позиција 3
– 55 mm = позиција 4
– 70 mm = позиција 5
– 85 mm = позиција 6
– 100 mm = позиција 7
Позициите се означени на косилката за трева.
Нагодување на висината на косење
► Исклучете ја косилката за трева.
Ножот не смее да ротира.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Цврсто држете ја косилката за трева за
рачката (1).
► Притиснете ја рачката (2) и држете ја.
752
12 Работење со косилката за трева
► Ставете ја косилката за трева во саканата
позиција со кревање и спуштање.
Актуелната висина на косење може да се
прочита на индикаторот за висината на
засекот (3) со помош на ознаката (4).
► Отпуштете ја (2) рачката.
Косилката за трева се заглавува.
12.3
Косење и мулчење
Косилката за трева е опремена со
повеќенаменски нож и може да се користи за
косење или мулчење.
► Туркајте ја косилката за трева напред,
полека и контролирано.
► Доколку за време на косењето или
мулчењето се удри во туѓ предмет и ножот
е блокиран:
► Исклучете ја косилката за трева,
извадете го акумулаторот.
► Осигурете се дека сите подвижни делови
се целосно запрени.
► Проверете ја косилката за трева.
► Доколку се потребни поправки: Обратете
се кај овластен дистрибутер на STIHL.
► Доколку косилката за трева почне силно да
вибрира:
► Исклучете ја косилката за трева,
извадете го акумулаторот.
► Проверете ја косилката за трева.
► Проверете дали сите навртки, завртки и
шрафови се добро затегнати.
► Доколку се потребни поправки: Обратете
се кај овластен дистрибутер на STIHL.
За оптимални перформанси, почитувајте ги
препорачаните температурни опсези,
20.7.
0478-131-9800-B