Herunterladen Diese Seite drucken

Stihl RMA 248.3 Gebrauchsanleitung Seite 745

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RMA 248.3:
4 Безбедносни упатства
► Чувајте ја косилката за трева чиста и
сува.
■ Ако акумулаторот е поставен за време на
складирање, можно е ножот случајно да се
вклучи. Луѓето може да бидат сериозно
повредени и може да се предизвика
материјална штета.
► Извадете го акумулаторот.
4.11.2
Акумулатор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Децата не можат да ги препознаат или
проценат опасностите од акумулаторот.
Децата може сериозно да се повредат.
► Чувајте го акумулаторот батеријата вон
дофат на деца.
■ Акумулаторот не е заштитен од сите
влијанија на животната средина. Ако
акумулаторот е изложен на одредени
влијанија на животната средина, тој може
да се оштети.
► Чувајте го акумулаторот чист и сув.
► Чувајте го акумулаторот во затворена
просторија.
► Чувајте го акумулаторот одвоено од
косилката за трева.
► Ако акумулаторот е складиран во
полначот: Исклучете го кабелот за
напојување и складирајте го
акумулаторот со ниво на полнење
помеѓу 40% и 60% (запалени 2 зелени
LED диоди).
► Не чувајте го акумулаторот надвор од
наведените температурни граници,
20.6.
4.11.3
Уред за полнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Децата не можат да ги препознаат и
проценат опасностите од уредот за
полнење. Децата може да бидат тешко
повредени или усмртени.
► Извлечете го приклучникот за струја.
► Уредот за полнење чувајте го подалеку
од деца.
■ Уредот за полнење не е заштитен од сите
влијанија на средината. Ако уредот за
полнење се изложи на одредени влијанија
на средината, уредот за полнење може да
биде оштетен.
► Извлечете го приклучникот за струја.
0478-131-9800-B
► Ако уредот за полнење е премногу
топол: Оставете го уредот за полнење да
се излади.
► Уредот за полнење чувајте го во чиста и
сува состојба.
► Уредот за полнење чувајте го во
затворена просторија.
► Не чувајте го уредот за полнење надвор
од наведените температурни граници,
20.6.
■ Приклучниот кабел не е предвиден за
носење или закачување на уредот за
полнење. Приклучниот кабел и уредот за
полнење може да се оштетат.
► Уредот за полнење држете го за
куќиштето. За едноставно кревање на
уредот за полнење вграден е прифатен
држач во уредот за полнење.
► Уредот за полнење закачете го на ѕиден
држач.
4.12
Чистење, одржување и
поправка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако акумулаторот е поставен при чистење,
одржување и поправка, можно е ножот
случајно да се вклучи. Луѓето може да
бидат сериозно повредени и може да се
предизвика материјална штета.
► Извадете го акумулаторот.
■ Јаките детергенти, чистењето со млаз вода
под притисок и острите предмети може да
ги оштетат косилката за трева, ножот и
акумулаторот. Ако косилката за трева,
ножот и акумулаторот не се чистат
правилно, можно е компонентите да не
функционираат правилно и можно е да се
оневозможат безбедносните уреди. Луѓето
може да бидат сериозно повредени.
► Чистете ги косилката за трева, ножот и
акумулаторот, како што е опишано во
ова упатство за употреба.
■ Ако косилката за трева, ножот или
акумулаторот не се одржуваат правилно,
можно е компонентите да не
функционираат правилно и можно е да се
оневозможат безбедносните уреди. Луѓето
може да бидат тешко повредени или да
загинат.
► Не одржувајте и не поправајте ги
косилката за трева и акумулаторот
самостојно.
македонски
745
loading

Diese Anleitung auch für:

Rma 243.3Rma 253.3Wa200111410Wa210111420