4 Безбедносни упатства
9 Задно подесување на висината на сечење
Подесувањето на висината на сечење
служи за прилагодување на висината на
сечење.
10 Приклучник на свеќичката
Приклучникот на свеќичката ја спојува
жицата за палење со свеќичката.
11 Придушувач на бучавата
Придушувачот на бучавата ја намалува
бучавата на косилката за трева.
12 Капаче за моторно масло
Капачето за моторно масло го затвора
отворот за полнење моторно масло.
3.2
Симболи
Симболите може да бидат на косилката за
трева и ги имаат следните значења:
Гарантирано нормирано ниво на
L
бучава во околината според
WA
Директивата 2000/14/EC во dB(A) за
споредба на звуците на
производите.
Овој симбол го означува капачето на
резервоарот за гориво.
Овој симбол го означува капачето за
моторно масло.
4
Безбедносни упатства
4.1
Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на косилката
за трева ги имаат следните значења:
Погледнете ги безбедносните
упатства и наведените мерки.
Прочитајте го, разберете го и
сочувајте го упатството за употреба.
Внимавајте на можно излетување на
предмети - стојте на растојание и
држете ги другите лица настрана.
Рацете и нозете да се држат
настрана од ножот.
Извадете го приклучникот на
свеќичката пред транспорт,
складирање, одржување или
поправка.
0478-111-9978-A
4.2
Наменска употреба
Косилката за трева STIHL RM 2.2 R служи за
мулчење на трева.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако косилката за трева не се користи како
што е предвидено, лицата може да бидат
сериозно повредени или да загинат и може
да се предизвика материјална штета.
► Користете ја косилката за трева како што
е опишано во ова упатство за употреба и
во упатството за употреба на моторот.
4.3
Обврски на корисникот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Корисниците без обука не можат да ги
препознаат или проценат опасностите на
косилката за трева. Корисникот или други
лица може да бидат сериозно повредени
или да загинат.
► Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
► Ако косилка за трева се даде на друго
лице: Дајте ги упатствата за употреба на
косилката за трева и на моторот.
► Осигурете се дека корисникот ги
исполнува следниве услови:
– Корисникот е одморен.
– Корисникот е физички, сетилно и
ментално способен да работи со
косилката за трева. Доколку
корисникот има физички, сетилни или
ментални ограничувања, тој смее да
работи само под надзор или според
упатствата од страна на одговорно
лице.
– Корисникот може да ги препознае или
процени опасностите на косилката за
трева.
– Корисникот е свесен дека е
одговорен за евентуални несреќи и
штети.
– Осигурете се дека корисникот е
полнолетен или дека е обучен за
професијата согласно националните
регулативи.
– Корисникот добил насоки од
овластениот дилер на STIHL или
надлежно лице пред да работи со
косилката за трева првпат.
– Корисникот не е под влијание на
алкохол, лекови или дроги.
македонски
403