Herunterladen Diese Seite drucken

По Работењето; Транспортирање - Stihl Rm 2.2 R Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RM 2.2 R:
македонски
► Косилката за трева ставете ја на рамна
површина.
► Притиснете ја предната оска надолу.
Предната оска е разлабавена и може да се
прилагоди.
► Поставете ја предната оска налево и
надесно во саканата позиција.
11.3
Мулчење
При мулчење, откосената трева повеќепати
се исекува со помош на специјалното
управување на протокот на воздух во
подрачјето на ножот, а потоа повторно ќе
биде оддувана во земјениот слој на
никнување. Материјалот за сечење останува
на тревната површина, каде што ќе гние и ќе
служи како природно ѓубриво. Убав и густ
тревник може да се добие со често мулчење,
притоа треба да се исече една третина од
висината на тревата.
Предуслови за добар резултат од мулчењето:
– Честота: во пролет (главна сезона на раст)
најмалку 2 пати неделно, во лето и во есен
1 пат во неделата.
– Ако е можно, работете на сува трева.
– Користете добро наострени ножеви за
сечење.
– Изберете мала брзина на придвижување.
– Правецот при косењето се менува и се
внимава да не дојде до преклопување на
патеките при косењето.
– Премногу високата трева косете ја
постепено.
412
► Туркајте ја косилката за трева напред,
полека и контролирано.
12 По работењето
12.1
Кога ќе завршите со работата
► Изгасете го моторот.
► Ако косилката за трева е мокра: Оставете
косилката за трева да се исуши.
► Исчистете ја косилката за трева.
13 Транспортирање
13.1
Транспортирање на
косилката за трева
► Изгасете го моторот.
Ножот не смее да ротира.
► Извлечете го приклучникот на свеќичката.
Туркање на косилката за трева
► Туркајте ја косилката за трева напред,
полека и контролирано.
Носење на косилката за трева
► Носете заштитни ракавици.
12 По работењето
0478-111-9978-A
loading