Herunterladen Diese Seite drucken

Stihl RM 2.2 R Gebrauchsanleitung Seite 402

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RM 2.2 R:
македонски
2
Информации за ова
упатство за употреба
2.1
Документација
Овие упатства за употреба се превод на
оригиналните упатства на производителот во
согласност со Директивата на ЕУ бр.
2006/42/EC.
Се применуваат локалните прописи за
безбедност.
► Покрај ова упатство за употреба,
прочитајте, разберете и чувајте ги следните
документи:
– Упатство за употреба за моторот
STIHL EVC 200
2.2
Ознаки на предупредувањата
во текстот
ОПАСНОСТ
■ Напомената укажува на опасности што
доведуваат до тешки повреди или смрт.
► Наведените мерки може да спречат
тешки повреди или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Напомената укажува на опасности што
може да доведат до тешки повреди или
смрт.
► Наведените мерки може да спречат
тешки повреди или смрт.
УПАТСТВО
■ Напомената укажува на опасности што
може да доведат до материјални штети.
► Наведените мерки може да спречат
материјални штети.
2.3
Симболи во текстот
Овој симбол посочува на поглавје во
ова упатство за употреба.
402
2 Информации за ова упатство за употреба
3
Преглед
3.1
Косилка за трева
1 Рачка на стартерот
Рачката на стартерот служи за стартување
на моторот.
2 Рачка со прекинувач за косење
Рачката со прекинувач за косење служи за
да се стартува и запре моторот.
3 Управувач
Управувачот служи за држење,
управување и транспорт на косилката за
трева.
4 Вртливи рачки
Вртливите рачки го стегаат горниот дел на
рачката на долниот дел на рачката и се
користат за преклопување на управувачот.
5 Капаче на резервоарот за гориво
Капачето на резервоарот за гориво го
затвора отворот за полнење бензин.
6 Капак на филтерот
Капакот на филтерот го покрива филтерот
за воздух.
7 Транспортна рачка
Транспортната рачка се користи за
транспорт на косилката за трева.
8 Предно подесување на висината на
сечење
Подесувањето на висината на сечење
служи за прилагодување на висината на
сечење.
0478-111-9978-A
loading