Herunterladen Diese Seite drucken

Безбедносни Упатства; Наменска Употреба - Stihl Rm 655.0 V Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RM 655.0 V:
4 Безбедносни упатства
9 Рачка за држење
Рачката за држење служи за држење на
косилката за трева при прилагодување на
висината на косење и за транспорт на
косилката за трева.
10 Рачка за висина на косење
Рачката служи за прилагодување на
висината на косење.
11 Нож
Ножот ја коси и мулчи тревата.
12 Заштитни лајсни
Заштитните лајсни го штитат куќиштето.
13 Капак на филтерот
Капакот на филтерот го покрива филтерот
за воздух.
14 Транспортна рачка
Транспортната рачка се користи за
транспорт на косилката за трева.
15 Придушувач на бучавата
Придушувачот на бучавата ја намалува
бучавата на косилката за трева.
16 Приклучник на свеќичката
Приклучникот на свеќичката ја спојува
жицата за палење со свеќичката.
17 Свеќичка
Свеќичката ја пали мешавината од гориво
и воздух во моторот.
18 Капаче за моторно масло
Капачето за моторно масло го затвора
отворот за полнење моторно масло.
19 Капаче на резервоарот за гориво
Капачето на резервоарот за гориво го
затвора отворот за полнење бензин.
20 Рачка за управувачот
Рачката служи за прилагодување и
преклопување на управувачот.
# Табличка со бројот на машината
3.2
Симболи
Симболите може да бидат на косилката за
трева и ги имаат следните значења:
Гарантирано нормирано ниво на
L
бучава во околината според
WA
Директивата 2000/14/EС во dB(A), за
споредба на звуците на
производите.
Овој симбол го означува капачето на
резервоарот за гориво.
Овој симбол го означува капачето за
моторно масло.
0478-111-9962-A
Не фрлајте го производот со отпад
од домаќинството.
Нагодување на висината на косење
Стартувајте го моторот:
1 – Притиснете ја рачката со
прекинувач за косење кон
управувачот
2 – Извлечете ја рачката на
стартерот
Изгасете го моторот:
– Отпуштете ја рачката со
прекинувач за косење
Вклучете го погонскиот систем:
– Повлечете ја рачката со
прекинувач за погонски систем кон
управувачот
Во оваа позиција, косилката за трева
работи со најголема брзина.
Во оваа позиција, косилката за трева
работи со најмала брзина.
4
Безбедносни упатства
4.1
Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на косилката
за трева ги имаат следните значења:
Погледнете ги безбедносните
упатства и наведените мерки.
Прочитајте го, разберете го и
сочувајте го упатството за употреба.
Запазете ги безбедносните упатства
во врска со отфрлените предмети и
наведените мерки.
Рацете и нозете да се држат
настрана од ножот.
Извадете го приклучникот на
свеќичката пред транспорт,
складирање, одржување или
поправка.
Почитувајте го сигурносното
растојание.
4.2
Наменска употреба
Косилката за трева STIHL RM 655.0 V служи
за косење и мулчење на трева.
македонски
567
loading