26 Општи и специфични безбедносни упатства за производот
d) Пред да ја користите косилката за трева,
секогаш проверувајте дали ножот за
косење и механизмот за косење не се
истрошени или оштетени. Истрошените
или оштетените делови го зголемуваат
ризикот од повреда.
e) Редовно проверувајте дали уредот за
собирање на трева е изабен или
истрошен. Истрошениот или оштетен
уред за собирање на трева го зголемува
ризикот од повреда.
f)
Оставете ги заштитните прекривки на
место. Заштитните прекривки мора да
бидат оперативни и правилно
прицврстени. Лабава, оштетена или
неисправна заштитна прекривка може да
доведе до повреди.
g) Чувајте ги отворите за влез на воздух без
наслаги. Блокираните доводи за воздух и
остатоците може да доведат до
прегревање или опасност од пожар.
h) Секогаш носете заштитни чевли што не се
лизгаат кога ракувате со косилката за
трева. Никогаш не работете боси или со
отворени сандали. Со тоа ќе ја намалите
опасноста од повреда на стапалото при
контакт со ротирачкиот нож за косење.
Секогаш носете долги панталони кога
i)
ракувате со косилката за трева. Голата
кожа ја зголемува веројатноста од
повреди од исфрлените делови.
j)
Не ракувајте со косилката за трева на
влажна трева. Притоа одете, никогаш не
трчајте. Со ова ја намалувате опасноста
од лизгање и паѓање, што може да доведе
до повреди.
k) Не ракувајте со косилката за трева на
претерано стрмни падини. На тој начин се
намалува ризикот од губење контрола,
лизгање и паѓање што би можело да
доведе до повреди.
l)
Кога работите на падини; секогаш
внимавајте на стабилната положба,
работете попречно на падината, никогаш
нагоре или надолу, и бидете
исклучително внимателни кога ја
менувате насоката на работа. На тој
начин се намалува ризикот од губење
контрола, лизгање и паѓање што би
можело да доведе до повреди.
m) Бидете особено внимателни кога косите
наназад или кога ја повлекувате
косилката за трева кон себе. Секогаш
0478-131-9800-B
внимавајте на околината. Ова ја намалува
опасноста од сопнување додека работите.
n) Не допирајте ножеви или други опасни
делови кои сè уште се движат. на тој
начин го намалувате ризикот од повреда
од подвижните делови.
o) Проверете дали сите прекинувачи се
исклучени и акумулаторот е исклучен
пред да го отстраните заглавениот
материјал или да ја исчистите косилката
за трева. Неочекуваното работење на
косилката за трева може да доведе до
сериозни повреди.
македонски
763