Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AdvancedGrind 18 Handbuch Seite 51

Akku winkelschleifer
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AdvancedGrind 18:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење, брусење
со брусна хартија и работење со жичани четки и
сечење со брусни плочи
 Овој електричен апарат се употребува како
алатка за брусење, алатка за брусење со брусна
хартија, жичани четки и брусилка за сечење со
брусни плочи. Внимавајте на сите безбедносни
напомени, упатства, прикази и податоци што сте
ги добиле во прилог на уредот. Доколку не
внимавате на следните упатства, може да дојде до
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
 Електричниот апарат не е погоден за полирање.
Доколку го користите електричниот апарат за
несоодветни намени, може да предизвика опасност
и повреди.
 Не користете прибор што не е специјално
предвиден и препорачан од производителот на
овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана
безбедната употреба, само заради фактот дека
приборот може да се прицврсти на вашиот
електричен апарат.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо
од дозволеното може да се скрши и да летне од
апаратот.
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на
димензиите на вашиот електричен апарат.
Погрешно димензионираните алати за вметнување
не може доволно да се заштитат или контролираат.
 Алатите за вметнување со навој мора точно да
одговараат на навојот на вретеното за брусење.
Кај алатите за вметнување, што се монтираат со
помош на прирабница, дијаметарот на дупката на
алатот што се вметнува мора да одговара на
дијаметарот на прифатот на прирабницата.
Алатите за вметнување не може точно да се
прицврстат на електричниот апарат, се вртат
нерамномерно, вибрираат многу јако и може да
доведат до губење на контролата.
 Не користете оштетени алати за вметнување.
Пред секое користење, проверете ги алатите што
се вметнуваат како на пр. дали брусните плочи
има скинати делови и процепи, дали на брусните
дискови има пукнатини, дали се истрошени или
изабени, и дали има олабавени или скршени жици
на жичаната четка. Доколку ви падне
електричниот апарат или алатот што се вметнува,
проверете дали е оштетен или пак употребете
неоштетен алат за вметнување. Откако сте го
провериле и ставиле алатот за вметнување, не им
дозволувајте на лицата да бидат во близина на
нивото на вклучениот апарат и оставете го
апаратот да врти една минута на највисок број на
вртежи. Повеќето од оштетените алати за
вметнување ќе се скршат во текот на овој пробен
период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од
употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно,
носете маска за заштита од прав, заштита за слух,
заштитни ракавици или специјални престилки
што ќе ве заштитат од честичките настанати при
брусење на материјалот. Треба да ги заштитите
очите од туѓите тела што летаат наоколу, а се
настанати од различната употреба на уредот.
Маските за заштита од прав и заштита при
вдишувањето мора да ја филтрираат правта што
настанува при употребата. Доколку сте изложени на
гласна врева подолго време, може да го изгубите
слухот.
 Доколку има други лица во работното поле,
држете ги на безбедно растојание. Секое лице
што ќе влезе во работното поле, мора да носи
лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се
обработува или скршениот алат за вметнување може
да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и
надвор од директното поле на работа.
Bosch Power Tools
 Држете го уредот само за изолираните површини
на рачките, доколку вршите работи каде алатот
што се вметнува може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот со струјниот кабел
може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
 Никогаш не го оставајте електричниот апарат,
доколку алатот за вметнување не е целосно во
состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се
вметнува може да дојде во контакт со површината на
која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите
контролата над електричниот апарат.
 Електричниот апарат не смее да биде во погон
додека го носите. Вашата облека може да се зафати
од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен
контакт, и алатот што се вметнува да го повреди
вашето тело.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на
моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на
голема количина на метална прав може да
предизвика електрична несреќа.
 Не го користете електричниот апарат во близина
на запаливи материјали. Искрите што се создаваат
може да ги запалат овие материјали.
 Не користете алати за вметнување, за кои е
потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
 Повратниот удар е ненадејна реакција како
последица на заглавен или блокиран ротирачки алат
што се вметнува, како брусна плоча, брусен диск,
жичани четки итн. Заглавувањето или блокирањето
предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот
алат што се вметнува. Така, неконтролираниот
електричен апарат се забрзува наспроти правецот
на вртење на алатот што се вметнува на местото на
блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја
брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во
делот што се обработува може да се закачи и така да
ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен
удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот
или наспроти него, во зависност од правецот на
вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа
брусните плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба
на електричниот алат. Тој може да се спречи со
соодветни прописни мерки, како што е опишано
подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која
ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш
користете дополнителна дршка, доколку постои,
за да имате што е можно поголема контрола над
силата од повратниот удар или реакциските
моменти при работата на апаратот. Лицето кое го
користи уредот може со соодветни мерки на
претпазливост да го совлада повратниот удар или
реакциските сили.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина
на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што
се вметнува може да ви избега од рацете.
 Со вашето тело избегнувајте го полето каде
електричниот апарат се движи со повратен удар.
Повратниот удар го потиснува електричниот апарат
во правец спротивен на движењето на брусната
плоча на местото на блокирање.
 Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
 Не користете синџирести или запчести листови за
пила. Таквите алати за вметнување честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на
контролата над електричниот апарат.
Специјални безбедносни напомени за брусење и
сечење со брусни плочи
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за
вашиот електричен уред и заштитна хауба
предвидена за овие брусни тела. Брусните тела
што не се предвидени за електричниот апарат, не
може доволно да се заштитат и не се сигурни.
 Закривените брусни плочи мора да бидат
монтирани, така што нивната површина за
брусење не смее да стрчи над работ од
заштитната хауба. Непрописно монтираните
брусни плочи, кои стрчат над работ од заштитната
хауба не може доволно да се заштитат.
 Заштитната хауба мора да се зацврсти на
електричниот апарат и на највисоко ниво на
безбедност, така што и најмалите делови на
брусното тело ќе бидат видливи за лицето што го
користи апаратот. Заштитната хауба помага,
корисникот да се заштити од парчињата, случајниот
контакт со брусното тело како и искрите, што може
да ја запалат облеката.
 Телата за брусење смее да се користат само за
предвидените можности на примена. На пр.: не
брусете со страничната површина на брусната
плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се
наменети за сечење материјал со работ на плочата.
Со странична употреба на сила на овие брусни тела,
тие може да се скршат.
 Секогаш користете неоштетена стезна
прирабница со соодветна големина и облик на
брусните плочи. Соодветната прирабница ја држи
брусната плоча и така ја намалува опасноста од
кршење на брусната плоча. Прирабниците за брусни
плочи за сечење се разликуваат од прирабниците за
другите брусни плочи.
 Не користете истрошени брусни плочи од големи
електрични апарати. Брусните плочи за големи
електрични алати не се предвидени за повисок број
на вртежи за малите електрични апарати и може да
се скршат.
Други специјални безбедносни напомени за сечење
со брусни плочи
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за
сечење или преголем притисок. Не изведувајте
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето
на брусните плочи за сечење ја зголемува нивната
искористеност и склоност на закосување или
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или
кршење на брусното тело.
 Избегнувајте го подрачјето пред и зад
ротирачката брусна плоча за сечење. Доколку
брусната плоча за сечење во делот што се
обработува ја придвижувате подалеку од себе, во
случај на повратен удар, електричниот алат со
ротирачката плоча би можел да се отфрли директно
на вас.
 Доколку се заглави брусната плоча за сечење или
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и
држете го мирно, додека плочата не дојде во
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне
полниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета
од делот што се обработува или да предизвика
повратен удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од
повратен удар поради заглавената брусна плоча
за сечење. Големите делови што се обработуваат
може да се свиткаат под својата тежина. Делот што се
обработува мора да го потпрете на двете страни од
плочата, како во близина на местото на сечење, така
и на рабовите.
1 609 92A 2LL | (8.9.16)
| 51

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis