Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch 0 607 251 102 Originalbetriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-580-004.book Page 206 Monday, September 19, 2016 3:53 PM
Монтажа
Обем на испорака
Сите пневматски алати се испорачуваат со монтирана
затезна чаура, но без алат за вметнување.
Уреди за безбедно ракување
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Уред за закачување
0 607 251 102/... 261 10.
Со обрачот за закачување 6 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Уред за затегање
0 607 253 10./... 254 100
– Во наведеното поле на затегање 15, пневматскиот уред
може да го прицврстите на уред за затегање. Доколку е
возможно користете го целото поле на затегање. Колку
се помали границите на затегање, толку појака ќе биде
моќта на затегање.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
0 607 251 102/... 252 103/... 253 10. (види слика A)
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 12, и
заменете го со спојница за црево 5.
– Олабавете го држачот за 18 цревото за одвод на воздух
17, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
0 607 254 100/... 260 10./... 261 10. (види слика B)
– Вметнете го цревото за одвод на воздух (централно)
20, кој го одведува издувниот воздух од вашето
работно место, над цревото за довод на воздух 19.
Потоа приклучете го пневматскиот алат на
напојувањето со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 206) и навлечете го
цревото за одвод на воздух (централно) 20 преку
цревото за довод на воздух на крајот од уредот.
Bosch Power Tools
Приклучок на напојувањето со воздух
(види слика C)
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат
– Зашрафете спојница за црево 5 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 11.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 5 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 11 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 18 цревото за довод на
воздух 19, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Замена на алатот (види слика D)
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
држачот на алатот за вметнување да лежи цврсто во
прифатот за алат. Доколку држачот на алатот за
вметнување не е доволно длабоко вметнат во прифатот
за алат, алатот што се вметнува може да се слизне и да
не може повеќе да се контролира.
 Користете само исправни, неизабени алати за
вметнување. Дефектните алати за вметнување може
на пр. да се скршат и да доведат до повреди и
материјални штети.
1 609 92A 37S | (19.9.16)
Македонски | 206

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis