Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ставање Гориво - Ракување Со Бензин; Облека И Опрема - Viking MB 248 Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MB 248:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Особено се забранува секаква
манипулација на апаратот, со која се
врши промена на моќноста или бројот
на вртежите на бензинскиот мотор, т.е.
електромоторот.
Со уредот не смеат да се
транспортираат предмети, животни или
луѓе, особено деца.
Потребно е да се биде многу
внимателен при употребата на уредот
на јавни места, паркови, спортски
игралишта, улици и во земјоделски и
шумски предели.
Внимание! Опасност по
здравјето поради
вибрациите! Преголемото
оптоварување поради
вибрациите може да доведе до
оштетување на кардиоваскуларниот
или нервниот систем, особено кај
луѓето со кардиоваскуларни проблеми.
Доколку почувствувате симптоми што
би можеле да се јават како последица
од оптоварувањето со вибрации,
обратете се кај лекар.
Вакви симптоми, кои најчесто се
појавуваат во прстите, дланките или на
рацете, се на пр. (листата не е
целосна):
– отрпнатост,
– болки,
– слабост во мускулите,
– менување на бојата на кожата,
– непријатно скокоткање.
294
4.2 Ставање гориво – ракување со
бензин
Опасно по живот!
Бензинот е отровен и лесно
запаллив.
Чувајте го бензинот во садови
(канистри) наменети и проверени
специјално за таа цел. Капачињата за
затворање на садовите за бензин треба
секогаш добро да се завртат и затегнат.
Од безбедносни причини дефектните
капачиња треба да се заменат.
Немојте никогаш да користите шишиња
од пијалоци или слично за складирање
или чување горива и масла како
на пример гориво. Луѓе, особено деца,
би можеле да се излажат и да се
напијат од нив.
Бензинот треба да се чува
подалеку од извор на
искрење, отворен пламен,
постојан оган, извори на
топлина и други извори на пламен.
Немојте да пушите!
Ставајте гориво само на отворено и не
пушете додека полните гориво.
Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и оставете го да се олади.
Бензинот се полни пред да се стартува
моторот. Додека моторот работи или
додека машината е сè уште загреана,
капакот од резервоарот не смее да се
отвора и не смее да се дополнува
гориво.
Не полнете го до крај резервоарот за
гориво, оставете празни околу 4 cm под
работ од отворот за полнење, за да има
место горивото да се рашири.
Доколку бензинот претече, моторот
смее да се стартува откако е исчистена
површината извалкана со бензин.
Треба да се избегнува секој обид за
стартување сè додека не исчезне
пареата од бензинот (да биде суво).
Секогаш треба да се избрише горивото
што ќе претече.
Доколку Ви се истури бензин на
облеката, морате да ја преслечете.
Немојте никогаш да ја чувате машината
со бензин во резервоарот во затворен
простор. Пареата од бензин може да
дојде во допир со отворен оган или
искри и да се запали.
Доколку треба да го испразните
резервоарот, направете го тоа на
отворено.
4.3 Облека и опрема
За време на работењето
секогаш носете чевли со ѓон
што не се лизга. Немојте
никогаш да работите боси или на
пример со сандали.
При одржување и чистење,
како и при транспорт на
уредот, секогаш носете
поцврсти ракавици и, доколку
имате долга коса, соберете ја и покријте
ја (со марама, капа и сл).
При острење на ножот за
косење задолжително
користете соодветни
заштитни очила.
Уредот смее да се користи само со
долги панталони и прилепена облека.
0478 111 9827 A - MK

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mb 253 tMb 253Mb 248 t

Inhaltsverzeichnis