Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Транспорт - Viking MB 248 Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MB 248:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
● Ножот за косење се остри
рамномерно, за да се избегне појава
на вибрации поради
неизбалансираност.
● Мора да се запази аголот на сечење
на 30°.
● При острење треба да се внимава на
границата на изабување.
Опасност од повреди!
Ножот за косење мора да се
замени, доколку се забележат
гребнатинки или пукнатини, или
доколку е постигната границата
на изабување (
11.4).
Монтирање на ножот за косење:
За монтажа се користи дрвен блок (1) за
држење отспротива на ножот за
косење (2).
Табовите на долната страна на
ножот за косење спречуваат
погрешно монтирање.
● Штрафот за нож (3) треба да се
заштити со Loctite 243.
● Ножот за косење (2) се мести со
свиткани рабови нагоре на
приклучокот на ножот (5).
● Се става сигурносна подлошка (4) и
се зацврстува со штрафот за нож (3)
со 60 - 65 Nm.
Опасност од повреди!
Треба да се придржувате до
моментот на затегнување на
штрафот за нож.
Сигурносната подлошка (4) мора
да се замени при секоја монтажа
на ножот.
Штрафот за нож (3) мора да се
замени при секое менување на
ножот.
0478 111 9827 A - MK
11.6 Складирање (пауза во зимскиот
период)
При подолготрајно неупотребување на
уредот (пауза во зима), треба да се
внимава на следниве точки:
● Сите надворешни делови од уредот
треба внимателно да се исчистат.
● Сите подвижни делови треба добро
да се подмачкаат.
● Резервоарот за гориво и
карбураторот треба да се испразнат
(на пр. со работа во лер).
● Свеќичката се одвртува (види
Упатство за употреба Бензински
мотор) и во моторот се става околу
3 cm³ моторно масло низ отворот за
свеќички. Моторот се вергла
неколкупати без свеќичка (се
повлекува стартната сајла).
Опасност од пожар!
Поради опасноста од пожар,
утикачот за свеќички секогаш
треба да се држи подалеку од
отворот за свеќички.
● Свеќичката повторно се заштрафува
(види Упатство за употреба
Бензински мотор).
● Се врши промена на маслото (види
Упатство за употреба Бензински
мотор).
● Апаратот да се чува во сува,
затворена просторија, во која нема
многу прав. Погрижете се апаратот
да биде надвор од дофат на деца.
12. Транспорт
12.1 Транспорт
Опасност од повреди!
Пред транспортот, внимателно
прочитајте го поглавјето „За
ваша безбедност". (
Секогаш носете ја машината со
помош на уште едно лице.
Притоа секогаш задолжително
носете соодветна заштитна
облека (заштитни обувки, цврсти
ракавици).
Пред подигањето, односно
транспортирањето да се извлече
приклучокот за свеќичката.
Кревање или носење на уредот:
● Апаратот се подигнува, односно носи
исклучиво на точката за држење (1) и
на горниот дел на рачката (2)
односно се подигнува, т.е. носи при
склопен горен дел на рачката на
двата долни дела на рачката (3)
(види слика A).
Транспорт на апаратот:
Опасност од повреди!
Апаратот смее да се
прицврстува само доколку е
поставен на сите четири тркала.
Во оваа положба ножот за
косење не е во слободна
состојба и не може да дојде до
истекување на моторно масло и
гориво (види слика B).
При транспортирање, апаратот се
става на товарната подлога (приколка,
автомобил и сл.) и се прицврстува со
16
4.)
305

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mb 253 tMb 253Mb 248 t

Inhaltsverzeichnis