Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

За Време На Работењето - Viking MB 248 Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MB 248:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
4.6 За време на работењето
Никогаш не вклучувајте го
уредот кога во непосредна
близина се наоѓаат животни
или луѓе, особено деца.
Контролните и заштитни механизми,
што се инсталирани на машината, не
смеат да се отстрануваат или да се
поврзуваат со други делови. Особено
сигурносната рачка за стопирање на
моторот не смее никогаш да се
прикачува на управувачот (на пр. со
врзување).
Внимание – Опасност од
повреда!
Никогаш не доближувајте ги
рацете или стапалата на или
под деловите што се вртат. Никогаш
немојте да го доприрате ножот за
косење додека се движи. Држете се
секогаш настрана од отворот за
исфрлање.
Секогаш држете безбедно растојание
со управувачот. Управувачот мора
секогаш да биде прописно монтиран и
не смее да се прават измени на него.
Машината не смее никогаш да се
активира додека е управувачот
преклопен.
Никогаш не закачувајте предмети на
управувачот (на пр. работна облека).
Работете на дневна светлина или при
добро вештачко осветлување.
Уредот не смее да се употребува на
дожд, невреме и особено не при
грмотевици.
Доколку со уредот се работи на влажна
подлога, постои зголемена опасност од
незгоди.
Мора да се работи многу внимателно,
296
за да се избегне пролизгување. Доколку
е возможно, треба да се избегнува
работење на влажна подлога.
Издувни гасови:
Опасно по живот поради
труење!
Во случај на појава на гадење,
главоболки, пречки во видот
(на пример намалување на
видното поле), пречки во слухот,
вртоглавица, намалена
способност за концентрација,
веднаш да се прекине со работа.
Овие симптоми може да бидат
предизвикани меѓу останатото и
поради превисока концентрација
на издувни гасови.
Додека моторот работи,
апаратот испушта отровни
издувни гасови. Овие гасови
содржат отровен јаглерод
моноксид, гас без боја и мирис, како и
други штетни материи. Моторот
никогаш не смее да се пушти во
функција во затворени или во лошо
проветрени простории.
Стартување:
Внимателно стартувајте го апаратот, во
согласност со упатствата во поглавјето
„Вклучување на апаратот". (
Внимавајте на доволното растојание на
стапалата кон сечивото.
При стартувањето на моторот
машината не смее да биде во
наведната положба.
При стартување не смее да се користи
сигурносната рачка на погонскиот
систем.
Не го стартувајте моторот, доколку
каналот за исфрлање не е покриен со
дефлектор, односно со корпата за
искосена трева.
Работење на стрмни површини:
Стрмните површини секогаш да се
обработуваат попречно, никогаш по
должина.
Доколку корисникот при косење изгуби
контрола, би можел и да биде прегазен
од вклучената косилка.
Бидете особено внимателни кога на
стрмни површини ја менувате насоката
на движење.
Внимавајте секогаш добро да се
поставите кога работите на стрмна
површина и избегнувајте работа со
уредот на многу стрмни површини.
Од безбедносни причини, апаратот не
смее да се користи на стрмнини со
косина поголема од 25° (46,6 %).
Опасност од повреди!
Аголот на наслон од 25° одговара на
вертикално растојание од 46,6 cm на
100 cm хоризонтална должина.
10.)
За да се обезбеди доволно
подмачкување на моторот, при
употреба на уредот на стрмнина, треба
да се почитуваат дополнителните
информации доставени заедно со
Упатството за употреба Бензински
мотор.
0478 111 9827 A - MK

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mb 253 tMb 253Mb 248 t

Inhaltsverzeichnis