Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ставање Гориво - Ракување Со Бензин - Viking MB 248 T Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MB 248 T:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
Внимание – Опасност од незгода!
Косилката за трева е наменета
исклучиво за косење трева. Друга
употреба не е дозволена и може да
биде опасна или да доведе до
оштетување на машината.
Поради опасност од повреда на
корисникот, косилката не смее да се
употребува за следниве активности
(набројувањето не е конечно):
– за порамнување, сечење грмушки и
жива ограда,
– за сечење на растенија коишто
растат во висина,
– за одржувње тревници на покриви и
на балкони,
– за сечење и за ситнење делови од
дрвја и жива ограда;
– за чистење на тротоари
(вшмукување, издувување),
– за порамнување на нерамнини на
земјата, како на пр. купчиња
направени од кртови;
– за транспортирање на искастрен
материјал, освен во корпата за
искосена трева, која е наменета за
тоа.
Од безбедносни причини забранета е
секоја измена на апаратот, со исклучок
на стручно вградување на прибор и
опрема што се одобрени од VIKING, и
истото води кон прекин на важноста на
гаранцијата. Информации за
одобрениот прибор и опрема можете да
добиете кај овластениот застапник за
VIKING.
304
All manuals and user guides at all-guides.com
Особено се забранува секаква
манипулација на апаратот, со која се
врши промена на моќноста или бројот
на вртежите на бензинскиот мотор, т.е.
електромоторот.
Со машината не смеат да се
транспортираат предмети, животни или
луѓе, особено деца.
Потребно е да се биде многу
внимателен при употребата на
машината на јавни места, паркови,
спортски игралишта, улици и во
земјоделски и шумски предели.
Внимание! Опасност по
здравјето поради
вибрациите! Преголемото
оптоварување поради
вибрациите може да доведе до
оштетување на кардиоваскуларниот
или нервниот систем, особено кај
луѓето со кардиоваскуларни проблеми.
Доколку почувствувате симптоми што
би можеле да се јават како последица
од оптоварувањето со вибрации,
обратете се кај лекар.
Вакви симптоми, кои најчесто се
појавуваат во прстите, дланките или на
рацете, се на пр. (листата не е
целосна):
– отрпнатост,
– болки,
– слабост во мускулите,
– менување на бојата на кожата,
– непријатно скокоткање.
4.2 Ставање гориво – ракување со
бензин
Опасно по живот!
Бензинот е отровен и лесно
запаллив.
Чувајте го бензинот во садови
(канистри) наменети и проверени
специјално за таа цел. Капачињата за
затворање на садовите за бензин треба
секогаш добро да се завртат и затегнат.
Од безбедносни причини дефектните
капачиња треба да се заменат.
Немојте никогаш да користите шишиња
од пијалоци или слично за складирање
или чување горива и масла како
на пример гориво. Луѓе, особено деца,
би можеле да се излажат и да се
напијат од нив.
Бензинот треба да се чува
подалеку од извор на
искрење, отворен пламен,
постојан оган, извори на
топлина и други извори на пламен.
Немојте да пушите!
Ставајте гориво само на отворено и не
пушете додека полните гориво.
Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и оставете го да се олади.
Бензинот се полни пред да се стартува
моторот. Додека моторот работи или
додека машината е сè уште загреана,
капакот од резервоарот не смее да се
отвора и не смее да се дополнува
гориво.
Не полнете го до крај резервоарот за
гориво, оставете празни околу 4 cm под
работ од отворот за полнење, за да има
место горивото да се рашири.
0478 111 9820 B - MK

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Mb 248

Inhaltsverzeichnis