Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga AM 98 Li 48 V1 Betriebsanleitung Seite 547

Aufsitz-sichelmäher
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AM 98 Li 48 V1:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 185
Полнењето на батеријата може да се запре кога
нивото на полнење е помеѓу лед сијаличките 1 и 4.
ВНИМАНИЕ
Не го прекинувајте полнењето кога светка
сијаличката 5, туку чекајте да остане постојано
запалена. Кога сите сијалички се постојано запалени,
батеријата е полна 100%.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Времето на полнење на батеријата може да се
зголеми ако машината е користена во тешки работни
услови, со последователен сигнал за прегревање на
батеријата (погл. 15).
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во случај на целосно испразнета батерија, сигналните
сијалички остануваат исклучени додека не се
достигне минималниот праг на полнење.
Кога полнењето е завршено, системот за полнење го
намалува струјното напојување доволно само за да го
одржува и надополнува полнењето на батеријата на
оптимални вредности.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ако со полначот за батеријата поврзан на тракторот,
5-те сијалички Сл. 9.B истоврмено трепкаат,
значи дека не се врши полнење. Проверете го
поврзувањето на полначот / електричната мрежа.
ЗАБЕЛЕШКА
Потрошувачката на енергија за одржување на
полнењето е исклучително мала и економски
занемарлива.
ЗАБЕЛЕШКА
За време на полнењето сите функции на машината се
оневозможени, дури и кога клучот е целосно вметнат.
ВНИМАНИЕ
Батеријата поставена на машината е дизајнирана и
направена за овој вид на употреба и затоа:
- не ги исклучувајте и не ги отстранувајте батериите
од нивните куќишта;
- не заменувајте ги батериите со неоригинални;
- не извршувајте интервенции што не се опишани во
ова упатство.
Во случај на проблеми со батеријата, треба да
контактирате со продавачот.
8.3
НЕПОДВИЖНИ ТРКАЛЦА (САМО ЗА
МОДЕЛИТЕ ОД ТИП „I", „II")
Различните позиции за монтирање на тркалата ви
овозможуваат да одржувате безбедносен простор
„H" помеѓу работ на склопот на уредот за сечење и
земјата (сл.19.А).
Регулирајте ја позицијата на неподвижните тркалца
согласно неправилностите на теренот.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Оваа операција треба да се изведе на двете тркалца
поставувајќи ги на иста висина, со изгасната машина.
За да ја смените позицијата:
1. отшрафете и извадете ги шрафовите (сл 19.B);
2. преместете го тркалцето (сл. 19.A) со разделникот
(сл. 19.C) во соодветниот отвор на потребното
растојание;
3. затегнете го шрафот докрај (сл. 19.B) во отворот
(сл. 19.D).
8.4
ЧИСТЕЊЕ
По секоја употреба, исчистете ја машинаѕѕа следејќи
ги следните упатства.
8.4.1
Чистење на машината
• Исчистете ја машината однадвор, поминувајќи ги
пластичните делови на каросеријата со сунѓер
натопен со вода и детергент внимавајќи да не
ги намокрите електричниот мотор, батеријата и
компонентите на електричниот систем.
• За намалување на ризикот од запалување, чувајте
ги моторот и батеријата исчистени од остатоци од
трева, листови и прекумерно масло.
• Одржувајте ги рачната контрола и штитникот на
манипулаторот за прилагодување на погонот без
нечистотија и остатоци.
ВНИМАНИЕ
Не користете никогаш млазови со вода под притисок
или агресивна течност за да ја исперете каросеријата
и електричниот мотор!
MK - 23

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3