Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga AM 98 Li 48 V1 Betriebsanleitung Seite 534

Aufsitz-sichelmäher
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AM 98 Li 48 V1:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 185
5.4
МОНТИРАЊЕ НА СТРАНИЧНИОТ
ДЕФЛЕКТОР ЗА ПРАЗНЕЊЕ (САМО КАЈ
МОДЕЛИ ОД ТИПОТ „I", „II")
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Страничниот дефлектор за празнење е составен дел
на сигурносните уреди на машината и никогаш не
смее да се расклопува освен поради складирање или
за негова замена во случај на кршење. Страничниот
дефлектор за празнење мора секогаш да биде
монтиран и во употреба пред да започнете со работа.
1. Однатре на дефлекторот за страничен
испуст (сл. 4.А), поставете го федерот
(сл. 4.В) внесувајќи го крајот (сл. 4.B.1) во
отворот и свртете за да може федерот (сл. 4.В) и
крајот (сл. 4.В.2) да бидат добро поставени во
соодветните лежишта.
2. Поставете го дефлекторот со страничен испуст
(сл. 4.А) соодветно на потпорите (сл. 4.С) на
плочата со уредот со сечивото и со помош на
шрафцигер, свртете го вториот крај (сл. 4.В.2) на
федерот (сл. 4.В) за да се постави однадвор
на дефлекторот за страничен испуст.
3. Вметнете го клинот (сл. 4.D) во отворите
на потпорите (сл. 4.C) и на дефлекторот за
страничен испуст, на тој начин за да помине
низ свиоците на федерот (сл. 4.B) сè додека не
излезе сосема од краевите на потпората.
4. Ставете ја расцепката (сл. 4.E) во отворот
(сл. 4.D.1) на клинот (сл. 4.D) и свртете го клинот
за да може да ги свиткате двата краја (сл. 4.E.1)
на расцепката (по помош на пинцета) на начин да
не може да се извади и да дозволи испаѓање на
клинот (сл. 4.D).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали федерот функционира
правилно држејќи го цврсто дефлекторот со
страничен испуст во спуштена позиција со добро
вметнат клин, без можност за случајно испаѓање.
Проверете дали заштитата на страничниот испист
(сл. 5.А) е спуштена и блокирана со безбедносната
рачка (сл. 5.B).
ВНИМАНИЕ
Пред вадење или одржување на дефлекторот
запомнете да ја притиснете безбедносната рачка
(сл. 6.B) и да ја подигнете заштитата на страничниот
испуст (сл. 6.A) за да се овозможи вадењето.
ЗАБЕЛЕШКА
За да го извадите дефлекторот, следете ги чекорите
за монтирање во обратен редослед.
5.5
СКЛОПУВАЊЕ НА ПАНЕЛИ ЗА СТРАНИЧНО
ЗАСИЛУВАЊЕ НА СКЛОПОТ НА УРЕДОТ
СО СЕЧИВОТО (САМО ЗА МОДЕЛ ТИП „II")
Монрирајте го странично засилување на склопот на
уредите за сечење со помош на соодветните завртки
(слика 7).
6. КОМАНДИ И УРЕДИ
6.1
КЛУЧ ЗА ПАЛЕЊЕ
Клучот има функција на општ прекинувач кој ги
овозможува или оневозможува колата за напојување
на моторите и уредите на машината.
Клучот (сл. 8.A) има 2 позиции:
1. Извлечена. Исклучена машина. Сите
електрични кола се оневозможени
и машината се исклучува. Ниедна
функција не може да се активира.
2. Целосно вметнат. Вклучена машина.
Сите електрични кола се активирани и
машината работи.
6.2
КОПЧЕ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ
Со копчето за итни случаи (сл. 8.B) може веднаш да
ги запрете електричните мотори во итен случај.
Копчето има две позиции:
1. Активирано: со притискање на
копчето за итни случаи се запираат
моторите на уредите за сечење и
контролата на погонот.
2. Повторно активирање: завртете
го копчето за итни случаи во правец
на стрелките на часовникот за да го
исклучите. За палење на машината
повторете ја постапката за палење со
клуч (пасус 7.4).
ЗАБЕЛЕШКА
Кога копчето за итни случаи е активирано машината
не може да се запали.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Копчето за итни случаи никогаш не треба да се
користи како вообичаен метод за запирање на
машината.
MK - 10

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3